Спорт
Перез: Да го вратиме Роналдо? Тој има 38 години
Кристијано Роналдо не сака, но како што стојат работите, ќе остане и оваа сезона во Манчестер јунајтед.
Португалецот на почетокот на преодниот рок побара трансфер, сака да игра во клуб каде што ќе може да се бори за трофеи. Чувствува дека Јунајтед нема да може да му го понуди тоа.
Од оваа перспектива тој речиси и да нема опција за трансфер во друг клуб.
Португалскиот ас наводно им бил понуден на многу европски фудбалски гиганти, бил одбиен од ПСЖ, не го сакаа во Баерн и Челси, Атлетико ја отфрли можноста да го доведе, а нема да се врати ниту во Реал Мадрид.
Ова е заклучокот на медиумите што ја пренесуваат изјавата на претседателот на тој клуб, Флорентино Перез, кој е снимен како одговара на прашањето на навивачите за можното враќање на Португалецот.
„Да го донесеме Роналдо? Повторно? Па, тој има 38 години“, рекол Перез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Четири години подоцна „Франс Фудбал“ сака да му ја додели „Златната топка“ на Левандовски
Во 2020 година, магазинот „Франс Фудбал“ ја пропушти можноста да ја додели наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер. Поради пандемијата на коронавирус и се што се случуваше, наградата не беше доделена, но неправдата, пред се, кон Роберт Левандовски може да биде исправена, пренесува „Мундо Депортиво“.
Пред неколку месеци во Франција беше отворена истрага за доделување на „Златната топка“ за 2021 година.
Според тгласините, ПСЖ вршел притисок врз уредниците на „Франс Фудбал“ да му ја доделат наградата на Аргентинецот Лео Меси.
Левандовски заврши на второто место и наградата уште еднаш му побегна.
Но, со оглед на тоа што угледот на магазинот и самата награда се загрозени од истрагата, сега се разгледува можноста за ретроактивно доделување на наградата за 2020 година.
На овој начин би се исправила неправдата кон Левандовски кој блескаше таа година.
Полјакот таа година постигна 55 гола на 47 натпревари.
„Во 2020 и 2021 година ги имав двете најдобри години во кариерата. Неодамна еден пријател ми ја покажа статистиката, на 85 натпревари постигнав 100 голови. Секако дека би сакал еден ден да ја освојам „Златната топка“. Лут сум и тажен што сè уште ја немам, но чувствувам дека можев да ја освојам во една од тие две години да кажам вака, ако ја освојам наградата за 2020 година, четири години подоцна би ми било голема чест и би го прифатил“, изјави Левандовски неодамна во интервју за „Билд“.
Има шанси да се случи такво нешто, но се ќе зависи од одлуката на луѓето од „Франс Фудбал“.
Спорт
Лука Модриќ го напушта Реал Мадрид
Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од оваа сезона!
Неколку извори од Шпанија денеска открија дека Реал верува дека сега е вистинското време да се збогува со играчот со најмногу трофеи во историјата на клубот.
Модриќ ги испиша најмногу златните страници во историјата на Реал Мадрид, откако пристигна во летото 2012 година од Тотенхем за 40 милиони евра.
Флорентино Перез смета дека е време да се збогува и Реал да се сврти кон помладите играчи. Модриќ има совршена можност да се збогува на најдобар можен начин со освојување на Лигата на шампионите, заедно со Ла Лига.
На 25 мај навивачите на Реал Мадрид и на „кралскиот“ клуб ќе можат величествено да се збогуваат со Лука Модриќ.
Лука Модриќ е најкорисниот играч на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи и дефинитивно ќе замине како една од најголемите легенди на „кралскиот“ клуб.
Спорт
Капело: Де Зерби е трета лига, за него се зборува затоа што Гвардиола му е спонзор
Роберто Де Зерби (44) од 18 септември 2022 година го води Брајтон. На 87 натпревари на клупата на тој клуб има 38 победи, 20 нерешени и 29 порази, а минатата сезона се пласираше во Лига Европа.
Де Зерби негува атрактивен и напаѓачки фудбал, поради што е ценет кај колегите. Пеп Гвардиола често зборува за него во суперлативи. Сепак, легендарниот италијански тренер Фабио Капело (77) смета дека Де Зерби е преценет.
„За мене Де Зерби е третокласен тренер. Тој не спаѓа во елитната група на тренери, но не и во втората класа. Според мене спаѓа во третиот ешалон. За него многу се зборува само затоа што Гвардиола го спонзорира, но оваа сезона покажа што може да направи. Сега е десетти со Брајтон Ајде да погледнеме во неговото „Си-ви“, тој има освоено само еден Куп со Шахтјор и тоа е тоа“, изјави Капело и дополни.
„Тој е школуван тренер кој ги покажува своите идеи преку тимовите што ги води, но сепак треба да се докажува. Го поврзуваат со толку многу клубови, а никој досега не контактирал со него. Го имаме и Брајтон, со кој има клаузула од 15 милиони евра во неговиот договор, а тоа не е мала сума кога се работи за тренер“.
Де Зерби во кариерата ги водеше Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло и Шахтјор. По 36 кола во Премиер лигата, Брајтон има 12 победи, 12 нерешени и 12 порази и се наоѓа на десеттото место. Испадна од Лига Европа, ФА Купот и Лига Купот.