Македонија
Груби: Преку еднакво општество имаме корист сите
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби, денеска учествуваше на третиот и последен ден од Школата за млади лидери „Дијалог на мировен форум“, што се организира во рамките на одбележувањето на 21-годишнината од Охридскиот рамковен договор.
Груби, откога им се заблагодари на младите учесници и предавачи на Школата за млади лидери „Дијалог на мировен форум“, им ги подели и сертификатите.
„Мислам дека треба да им објасниме на младите кои се придобивките што ги имаме од Охридскиот договор. Знаете дека имаме корист од еднакво општество за сите и денес и по 21 година, државата се грижи за заедниците што живеат во неа и сите заедници станаа еднакви бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите што живеат заедно во една земја ни се грижа за безбедноста и евро-атлантската перспектива. Денеска сме членки на НАТО и минатиот месец почнавме преговори за членство во Европската Унија. И заедно преку организирање вакви настани подобро да ги покажеме и разјасниме придобивките што државата и општеството ги имаат од Охридскиот договор. Затоа се собравме деновиве овде заедно да го споделиме искуството, да научиме и да го споделиме тоа со пријателите. Решивме Школата за млади лидери „Дијалог на мировен форум“ и „Мировниот фестивал“ да се организираат заедно за да станат традиционални настани, а в година очекуваме да биде нешто уште поголемо. Многу ми е драго што одлучивте да учествувате во оваа Школа и изразувам благодарност до сите учесници и предавачи кои беа дел од ова училиште“, рече Груби во својот говор пред присутните.
Инаку, во рамките на одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците првпат ја организира Школата „Дијалог на мировен форум“ за млади лидери. Преку оваа Школа младите учесници имаат можност да стекнат информации за функционирањето на политичкиот систем во државата. Спроведувањето на политиките произлезени од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи, управувањето со конфликти, градењето мир, социјалната кохезија, консензуалната демократија, интеграцијата, градењето мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграцијата на граѓаните во јавноста, општествениот, економскиот и културниот беа дел и од предавањата во рамките на Школата за млади лидери „„Дијалог на мировен форум“. Целта на Школата за млади лидери беше стекнување нови знаења и подобрување на лидерските вештини за можности и придонес за иднината во позитивниот развој на општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

