Спорт
Волф: Секој ден мислам на Абу Даби
Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, призна дека се уште размислува за последната трка од минатогодишниот шампионат во Абу Даби.
Контроверзната одлука на тогашниот директор Мајкл Маси му овозможи на безбедносното возило да излезе во последниот круг, во кој Макс Верстапен го престигна Луис Хамилтон и ја освои својата прва светска титула.
„Секој ден размислувам за Абу Даби. Се помирив со фактот дека Верстапен е шампион, но имам проблем со начинот на кој се одвиваа работите, со основните принципи на фер-плејот“, изјави Волф.
Мерцедес првично поднесе жалба, но подоцна се откажа од неа. Мајкл Маси потпиша договор никогаш да не зборува за настаните од последниот круг, а подоцна ја напушти ФИА.
Волф истакнува дека има доверба во новото раководство на ФИА, предводено од Мохамед Бен Сулајем.
„Суштината е организацијата да биде отворена, секој да ја знае својата улога и да имаме добра комуникација. Тоа засега функционира, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, заклучи Волф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.
Спорт
Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот.
Мегваер се повреди на тренинг, има шанса да игра во финалето на ФА Купот, а како што денеска објави „Скај Спортс“, се очекува да биде подготвен за Европското првенство.
Финалето на ФА Купот меѓу бранителот на титулата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 25 мај во Лондон.
Европското првенство е закажано од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи се повредени Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделоф.
Дефанзивецот Џони Еванс се врати на тренинзите но неизвесно е дали ќе биде во составот за натпреварот вечерашниот напревар Кристал Палас.