Спорт
Греем Сунес критикуван дека кажа оти фудбалот е машка игра
Шкотската легенда на Ливерпул, Греем Сунес, вели дека не жали што го опишал фудбалот како машка игра по жестокото 2:2 реми помеѓу Челси и Тотенхем и покрај тоа што оваа изјава предизвика огромни реакции во Велика Британија.
Сунес во анализа на физичката игра на мечот и приодот на судијата Ентони Тејлор беше воодушевен од тоа што се случуваше на теренот.
„Одеднаш ова е повторно машка игра. Мислам дека ни се врати фудбалот каков што го сакам, удар по удар, и судијата ги остава да играат“, изјави вчера Сунес додека седеше покрај поранешната англиска репрезентативка Карен Карни.
Презентерот Дејв Џонс веднаш го поправи: „Ова е исто така и женска игра“, а Бет Ингланд, напаѓачката на Челси и шампионка од Евро 2022 со Англија, го критикува на „Твитер“.
„Каква бесрамна работа да се каже во летото по кое оваа земја го освои првенството“, напиша Ингланд.
69-годишниот Сунес, кој во својата фудбалска кариера беше познат по своите бескомпромисни стартови, вели дека не жали за ниту еден збор што го кажал.
„Да ви објаснам. Со години велам дека судиите имаат голема улога во успехот на Премиер лигата. Денеска мораш да бидеш внимателен што зборуваш и јас не сум добар за тоа, но станавме како другите лиги. Судиите постојано судат нешто, мечот нема тек и тоа не е добро. Нашиот фудбал секогаш бил уникатен, подиректен, поинтензивен и се оддалечивме од тоа. Вчера во коментарите реков дека ја имаме назад нашата игра. Тоа е фудбалот што се сеќавам дека го играв и нашата лига ќе биде многу подобра поради тоа“, објасни Сунес.
“I said we had our game back, it’s the kind of football I remember playing in.”
“It was a throwback and I think our game will be better for it.”
Graeme Souness addresses his ‘man’s game’ comments on yesterday’s action. pic.twitter.com/hEMMB0tGOL
— talkSPORT (@talkSPORT) August 15, 2022
Да се потсетиме каков играч беше Греем Сунес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

