Топ
Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров
Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.
Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.
Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров.
Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата
Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Како што претходно информираа од ЦУК, девојчето вечерва паднало во дол кај манастирот Свети Илија над Струмица.
Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.
„По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.
Македонија
Тошковски: Ќе преземеме мерки за секој граѓанин да го извади својот документ достоинствено и во разумен рок
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје во зградата на МРТ и пунктот „Пролет“ со цел непосредно запознавање со фактичката состојба во делот на издавање на личните документи.
„Многу ми е жал што морам да констатирам дека состојбата со издавањето на лични документи не е онаква каква што ја оставивме, односно во овие три недели откако ја напуштив позицијата министер за внатрешни работи во техничката Влада, наместо да е направен исчекор напред, повторно е создаден хаос, работат помал број на шалтери и бројот на луѓе кои чекаат е зголемен. Министерството за внатрешни работи е сервис на граѓаните и во тој контекст управните служби се една од клучните области и затоа во наредниот период ќе преземеме интензивни мерки со цел за краток временски период да ја нормализираме работата и секој граѓанин да може својот документ да го извади во една достоинствена постапка и во разумен временски рок“, дециден беше Тошковски.
Македонија
Самка Ибраимоски повикан во полиција поради закани кон судија од Уставниот суд
Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник е лицето кое уставниот суд го пријавило поради закани.
Тој бил повикан во полицијата.
„Денеска (24.6.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, се вели во соопштението на МВР.
Ибраимовски негира дека се заканувал преку социјалните мрежи, и вели дека како предлагач на законот за извршување има право да го критикува судот.