Свет
(Видео) Песочна бура го зафати Дубаи, песокот го покри речиси целиот град
Силна песочна бура го погоди Дубаи во неделата на 14 август, а службите за итни случаи предупредуваат на потенцијална опасност.
Sandstorm in #Dubai
The storm passed through the UAE on Sunday. pic.twitter.com/froiSheEGR
— NEXTA (@nexta_tv) August 15, 2022
Областите на Абу Даби и Дубаи беа покриени со дебел слој прашина откако метеоролозите предупредија на песочна бура во Северните Емирати – пишува Arab News.
Возилата се движат со слаба видливост по улиците на заливскиот емират Дубаи, бидејќи големи делови од Обединетите Арапски Емирати се погодени од прашина и песочни бури, поради што властите повикаа на претпазливост на патиштата.
HAZY DUBAI
Vehicles drive in low visibility on the streets of the Gulf emirate of Dubai as large parts of the United Arab Emirates are hit by dust and sandstorms, prompting authorities to urge caution on the roads. | via AFP#duststorm#sandstorm#dubai#DailyTribune pic.twitter.com/lU7Xb8YL59
— Daily Tribune (@tribunephl) August 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Деветгодишно девојче скокнало од балкон во Германија: мајката и се заканувала со нож
Во Бремен, Германија, вчера попладне, мајка ѝ се заканувала на својата деветгодишна ќерка со нож, повредувајќи ја.
Девојчето од страв побегнало на балконот и се фрлила од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата ја спречил сосед кој ја фатил, објавува „Шпигел“.
Според полицискиот извештај, 62-годишен сосед ја гледал ситуацијата од прозорецот и успеал да го фати девојчето додека паѓало. Полицијата потврдила дека девојчето претрпело само полесни повреди. Сè уште не е познато зошто се случила таква ситуација во семејниот стан.
Полициските сили кои излегле на местото на настанот ја уапсиле 38-годишната мајка. Се тврди дека жената имала ментални проблеми и е сместена во клиника на лекување. Девојчето е згрижено и е кај нејзиниот татко.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Свет
Сикорски: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина и нема да запре
Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денес во експозе за полската надворешна политика предупреди дека Русија не сака мир, туку капитулација на Украина и дека нема да застане тука.
„Сите сме свесни за опасноста. Ситуацијата е сериозна. Свеста за опасноста може да биде парализирачка. Не можеме да си дозволиме луксуз да останеме парализирани“, им рече Сикорски на членовите на долниот дом на полскиот парламент.
Тој предупреди дека некои сојузници не го исклучуваат сценариото Русија да го нападне НАТО, како што рече, не за две или три години, туку оваа година.
„Кремљ нема да попушти. Ќе тестира понатамошни граници. Путин не сака мир, тој сака само капитулација“, рече Сикорски и потсети дека Европа е веќе цел на руски хибридни напади – сајбер напади, поточно врз Полска од две илјади до три илјади дневно, диверзија и саботажа и масовно ширење дезинформации на Интернет.
„Целта на непријателот е едноставна. Да заплаши, да предизвика раздор, да поттикне разни групи Полјаци едни против други, да ја ослабне довербата во политичарите и владата. Полјаците, од најмладите до најстарите, мора да научат како да се справат со опасностите на Интернет. Патриотска должност е да се биде свесен кој, што и со која цел е објавено“, рече тој.
Сикорски им порача на сите во Полска кои мислат дека помагањето на Украина не вреди, дека треба да разберат дека слободна Украина како дел од Западот е шанса и можност и за нивната татковина.
„Шанса да се скршат забите на рускиот империјализам, да се зајакне заедничката одбрана, за интензивна трговска размена, заеднички проекти во одбранбената индустрија за ангажирање на нашите компании. Војната во Украина не е само за независноста на таа земја, туку и за тоа кој ќе биде трет најсилен играч во светот покрај САД и Кина – Русија или Европа“, рече тој.
Апелираше да се воведе таканаречениот воен Шенген во ЕУ, така што евентуалното доаѓање на сојузниците да помогнат да не трае со недели, туку да биде брзо без правни бариери“.

