Спорт
Чориќ го елиминира Надал од мастерсот во Синсинати
Хрватот Борна Чориќ забележа голема победа во второто коло на мастерсот во Синсинати. Хрватот на трибините го испрати Рафаел Надал. По речиси три часа голема борба, Чориќ (152. на АТП листата), против третиот играч во светот славеше со 7:6, 4:6 и 6:3. Ова е петта победа за Хрватот од месец март кога се врати на терените по долгата пауза поради повредата на рамото.
Некогаш 12. играч на светот одигра одличен меч и приреди првокласно изненадување: победата ја најави во тај-брејкот од првиот сет, кој го освои откако спаси две сет топки.
Во вториот сет, Надал прв направи брејк и тоа беше негова прва брејк топка во мечот. Таа предност ја задржа и по нешто повеќе од два часа беше 1-1 во сетови. Во третиот сет повторно немаше брејк долго време, а во шестиот гем Чориќ направи брејк со кој го реши победникот.
Во третото коло Чориќ за противник ќе го има сонародникот на Надал, Роберто Баутиста Агут.
Надал со овој пораз ја пропушти шансата по долго време повторно да биде број 1. Имено, доколку го победеше Синсинати, а Медведев испаднеше во четвртфиналето или порано, Шпанецот повторно ќе беше тенисер број еден во светот. Вака Надал останува трет, а би можел и да падне за едно место доколку Карлос Алкараз забележи висок пласман во Синсинати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

