Спорт
Јунајтед сака да ангажира тројца нови играчи?

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед сака да ангажира уште најмалку тројца играчи до крајот на преодниот рок. Јунајтед ќе тргне по играчот на Челзи, Кристијан Пулишиќ, голманот на Борусија Менхенгладбах Јан Сомер и Бразилецот Касемиро од Реал, пренесуваат британските медиуми.
Клубот од „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок ги доведе Кристијан Ериксен, Тајрел Маласија и Лисандро Мартинез. Сепак, на англискиот клуб му требаат засилувања за да биде конкурентен во преостанатиот дел од сезоната.
Британските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ на крајот од преодниот рок влегуваат во „панично купување“ откако тимот лошо ја стартуваше новата сезона и забележа два пораза во Премиер лигата.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, бара квалитетни решенија на средината на теренот, а раководството на англискиот клуб е подготвено да му понуди 60 милиони евра на Реал за Касемиро.
Некои шпански и британски медиуми пренесуваат дека Реал за бразилскиот фудбалер би можел да бара 80 милиони евра.
Манчестер јунајтед сака да го ангажира Кристијан Пулишиќ, бидејќи мали се шансите Френки де Јонг од Барселона да пристигне во тимот од „Олд Трафорд“.
Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, не смета на американскиот репрезентативец во преостанатиот дел од сезоната, додека Пулишиќ бил подготвен да ги засили „црвените ѓаволи“.
Манчестер јунајтед планира да го доведе Јан Сомер на позајмица, бидејќи тој треба да биде замена за првиот голман на „црвените ѓаволи“, Давид де Хеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Проблем за Ливерпул, Конате е повреден

По завршувањето на оваа репрезентативна пауза следува многу важен дел од првенствата. Англиската Премиер лига како најпребирлива бара голем број играчи за секој тим.
Ливерпул, како шампион, ќе биде сериозно ослабен ако Ибрахима Конате не може да им помогне на соиграчите. Тој се врати од репрезентативните обврски и нема да патува со Франција на Исланд. Причина е повредата што ја доби уште на натпреварот против Челси.
Сега останува прашањето дали ќе биде во тимот на Ливерпул за следниот меч против Манчестер јунајтед.
Спорт
Џерард одбил да седне на клупата на Глазгов Ренџерс

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми.
45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“.
Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.
Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс има само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. За Ренџерс настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џерард, кој во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, е вистински херој за навивачите на Ренџерс. Тој ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/21, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година.
Спорт
Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија?

Фудбалската репрезернтација на Србија доживеа тежок пораз со 0-1 од Албанија во Лесковац по кој ги загуби реалните шанси за пласман на СП 2026. По мечот, почнаа шпекулации за смена на селекторот.
Според ТВ „Арена спорт“, нов селектор ќе биде Вељко Пауновиќ. Тој треба да го наследи Драган Стојковиќ – Пикси, кој по натпреварот изгледаше како човек што знае дека заминува. Тој веќе понудил оставка до челниците на српскиот фудбал.
Пауновиќ неодамна доби отказ од шоанскиот прволигаш Овиедо, а запаметен е по успехот со младинската репрезентација во 2015 година, кога Србија стана светски шампион.
По тој успех, тренираше во Мексико, Англија и САД. Последно беше на клупата на Овиедо, каде го врати клубот во Ла Лига по 24 години. Сега повторно е слободен и блиску до клупата на Србија.