Спорт
Даниеле де Роси ќе биде тренер во Серија Б

Легендарниот играч на Рома и светски шампион со Италија од 2006 година, Даниеле Де Роси, е подготвен за својата прва работа како главен тренер. Тој е блиску до договор да седне на клупата на второлигашот Беневенто, пишува „Кориере дело Спорт“.
Де Роси, кој во моментот е еден од асистентите на Роберто Манчини во репрезентацијата на Италија, треба да го наследи Фабио Касерта, кој се соочи со отказ по лошиот старт на сезоната.
Доколку легендата на Рома ја добие работата, тој би можел да дебитира против поранешниот соиграч Фабио Гросо, кој исто така го освои Светското првенство со Италија во 2006 година и моментално е на клупата на Фросиноне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго.
На „Сантијаго Бернабеу“ го прифатиле моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој колку од платата ќе покрие и согласноста на играчот.
Клубовите се во постојан контакт за позајмица со опција за откуп, а Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити претходно покажаа интерес за Бразилецот.
Родриго е во втор план кај новиот тренер Чаби Алонсо што отвори простор за излезен трансфер.
Како што се приближува крајот на преодниот рок, се очекува преговорите да се забрзаат, а исходот ќе зависи од условите на позајмицата и одлуката на самиот играч.
Според „Tрансфермаркт“, Родриго вреди 90 милиони евра. Тој е бразилски репрезентативец и има 24 години.
Foto/ EPA/Mariscal
Спорт
Виљареал и Барселона нема да играат во Мајами
Планот на првиот човек на ла Лига, Хавиер Тебас, натпревар од шпанското првенство да се игра во Мајами и четврти пат нема да биде успешен.
Проектот за играње на натпреварот во Мајами се соочи со критики од фудбалерите, отворениот отпор на Реал Мадрид, кој ги охрабри и другите клубови, и неочекуваната интервенција на Високиот спортски совет (CSD).
„Патот до Мајами, се чини, ќе биде сè само нема да биде лесен“, пишува „as.com“.
„Во Ла Лига, веројатно се надеваа дека „оваа сезона е сезона“, таргетирајќи го Мајами како место за натпреварот од 17-то коло помеѓу Виљареал и Барселона, закажан за 20 декември. Тоа беше план да се освои северноамериканскиот пазар во битка со Премиер лигата, по примерот на НФЛ и НБА“.
Претходните обиди (Џирона-Барса 2018/19, Виљареал-Атлетико 2019/20 и Барса-Атлетико 2024/25) не успеаја поради отпорот на Луис Рубиалес, неповолните правила на ФИФА и недостатокот на време. Овој пат нема такви пречки, но се појавија нови, подеднакво проблематични.
Високиот спортски совет (CSD) првично сметаше дека не треба да се меша, верувајќи дека нивната надлежност е потребна само кога меѓународните натпревари се играат во Шпанија.
Но, писмото на Реал Мадрид го принуди спортскиот оддел на Владата детално да го проучи случајот. Покрај тоа, Мигел Анхел Галан, познат во фудбалските кругови, објави дека ќе ја пријави Ла Лига до Спортскиот суд, ако го однесат натпреварот во САД без одобрение од Владата, што дополнително го комплицира спроведувањето на „Планот Мајами“.
Foto/ EPA
Спорт
Трамп објави кога ќе биде ждрепката за Мундијалот

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Веројатно е најголемиот спортски настан“, рече Трамп во Овалната соба во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, држејќи го трофејот за победник на Светското првенство.
На Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико, ќе учествуваат рекордни 48 национални селекции.
Планирано е да се одиграат 104 натпревари, додека финалето ќе се игра на стадионот во Њу Џерси, каде што се играше и финалето на Светското клупско првенство оваа година.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули следната година.