Свет
Аргентинските работници одржаа погреб на платите

Некои жени дојдоа обвинени во црно и со цветна круна на главите, други носеа преголем ковчег во поворка што минуваше низ улиците на Буенос Аирес. Во ковчегот немаше човек на патот кон вечниот дом, туку целата церемонија симболично претставуваше погреб за работничките плати во Аргентина.
До крајот на годината се очекува инфлацијата во земјата да достигне ниво од 90 отсто и да ја изеде куповната моќ на просечниот аргентински работник, и покрај долгогодишните напори на владата да го намали растот на цените.
„Почивај во мир, минимална плата“
„Ситуацијата е катастрофална за работниците. Пред да дојдеме до средината на месецот, нема да ни остане ништо од платата, немаме доволно“, изјави за Мелиса Гаргарело, претставничка на Фронтот за организации во неволја, кој го организираше овој протестен собир.
Еден од демонстрантите носеше транспарент на кој се прикажува „историјата на болеста“ на платите во Аргентина, графички приказ на тоа како инфлацијата ја изела вредноста прикажана на платните списоци. Додека поголемиот дел од светот се бори со инфлацијата, болката на Аргентина е во друга категорија.
„Умреа платните списоци“, пишуваше на еден од транспарентите во симболичната поворка која по минувањето низ улиците на аргентинската престолнина го заврши патувањето пред Претседателската палата. Цветните круни што ги носеа жените содржеа порака „Почивај во мир, минимална плата“.
Највисока стапка на инфлација во последните 20 години
Според официјалната статистика, минималната плата во Аргентина е 45.540 аргентински пезоси, што е еквивалентно на 334 американски долари, додека цената на синдикалната кошница за четиричлено семејство е пресметана на 111.298 пезоси, или 817 долари, речиси три пати повеќе од износот на минималната плата.
Во јули, Аргентина забележа највисока стапка на инфлација во последните 20 години.
Последните напори на владата за борба против инфлацијата го вклучуваат назначувањето на нов министер за економија, Серги Маса, кому му беа дадени поголеми овластувања во обид да ја спречи инфлацијата. Аргентинците му го дадоа прекарот „суперминистер“.
„Денеска одржуваме симболично испраќање на платите, што ја покажува ситуацијата во која се наоѓаат сите работници во Аргентина“, рече Максимилијано Маита од Фронтот за организации во потреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС) во времето кога авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, требаше да слета во градот Пловдив, Бугарија.
„Вашите информации се лажни“, изјави Песков за „Фајненшл тајмс“, кој прв ја објави веста.
Претходно денес, британскиот весник „Фајненшл тајмс“ напиша дека наводното руско мешање довело до прекини во ГПС навигацијата на авионот за време на приближувањето кон аеродромот.
Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, изјави дека инцидентот со летот на претседателката Урсула фон дер Лајен за Бугарија ја истакнал важноста на нејзината мисија во земјите-членки на првата линија.
Таа потврди дека, според информациите добиени од бугарската влада, наводниот руски напад врз Фон дер Лајен за време на нејзиниот лет во неделата ги оневозможил ГПС навигациските услуги на аеродромот Пловдив, принудувајќи го авионот да слета.
Регион
(Видео) Костадинов од Бугарија нападнал автомобил мислејќи дека во него е Урсула фон дер Лајен

Во неделата, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, престојуваше во посета на фабриката за оружје во бугарскиот град Сопот, лидерот на националистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, бил снимен како блокира влез на автомобилот за кој демонстрантите верувале дека се наоѓа таа внатре.
Според извештаите, Костадинов, кој претходно повикувал Бугарија да излезе од НАТО, организирал демонстрации со друга националистичка партија пред фабриката „Вазов“, противејќи се на европскиот пат на Бугарија и барајќи заштита на националниот суверенитет.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите со бугарски и руски знамиња го опкружуваат автомобилот, кој потоа почнува да се движи, но е неколку пати удрен со транспарент. Костадинов се расправа со полицијата, додека демонстрантите продолжуваат да го блокираат возилото со повици „нацисти“ и свирежи.
Не е јасно дали претседателката била во автомобилот за време на инцидентот. Костадинов подоцна тврдел дека фон дер Лајен во фабриката во Сопот пристигнала со хеликоптер, а не со автомобил.
Партијата „Преродба“ редовно организира протести против ЕУ и бара Бугарија да излезе од Унијата, а нејзините приврзаници претходно ја вандализирале и делегацијата на ЕУ во Софија, фрлајќи црвена боја и обидувајќи се да запалат врати, пренесе „Б92“.
Претходно беше објавено и дека авионот во кој претседателката на Европската комисија леташе за Бугарија остана без ГСП-навигација и мораше да слета со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување.
Свет
Германскиот министер контра Фон дер Лајен: Фундаментално е погрешно да се зборува сега за распоредувањето сили во Украина

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, денес ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради јавно претставените планови за испраќање мултинационални сили во Украина како дел од долгорочни безбедносни гаранции.
Писториус изјави дека е „фундаментално погрешно“ да се разговара за такви опции пред мировните преговори.
„Европската Унија нема никаква одговорност ниту надлежност кога станува збор за распоредување на сили. Би се воздржал од потврдување или коментирање на такви размислувања на било кој начин“, рече министерот пред новинарите во објект на одбранбената индустрија во западногерманскиот град Тројсдорф.
Тој потврди дека владите размислуваат што би било можно „под кои услови и ограничувања“.
„Но мислам дека е целосно погрешно јавно да се дискутира за тоа во овој момент“, додаде Писториус.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, фон дер Лајен изјави дека Европа прави „доволно прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина.
Претседателката на Комисијата рече дека плановите би можеле да вклучат десетици илјади војници од европските земји, со поддршка од САД во области како разузнавање и командување.
Фон дер Лајен нагласи дека силните гаранции се „од најголема важност“ за заштита на Украина од идни руски напади и за зачувување на безбедноста на цела Европа.
Таа исто така ја поздрави подготвеноста на американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди она што го опиша како „безбедносна гаранција слична на член 5“ за Киев.
Идејата за стационирање на западни сили во Украина предизвикува длабоки поделби. Франција и Велика Британија разговараат за ова прашање, САД и земјите членки на НАТО, како Полска, ја исклучија можноста за испраќање трупи, додека некои земји се уште не се одлучни.