Македонија
(Видео) Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

„Молкот и необјавувањето јавно на лиценците за работа на очната болница којашто функционира во склоп на медикал центар Промедика е доволен показател дека државниот здравствен и санитарен инспекторат и директорката Бухова нешто кријат или се обидуваат да сокријат и да премолчат. Покрај признанието дека навистина инспекторатот издал решение за забрана за работа на очната болница, Бухова не ги приложува сите информации во јавноста и повторно ќе кажам дека нешто крие“, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој напомена дека „сакаме уште еднаш да прашаме дали оваа очна болница има лиценци за вршење оперативни зафати кои веќе ги работи и рекламира. Ова е прашањето на коешто инспекторатот, а веќе и Министерството за здравство треба да дадат одговор“.
„Доколку работеле без лиценци за вршење оперативни зафати, како наплаќале за истите, односно на кој начин ги приложувале парите и парите влегувале во платен промет, односно на кој начин плаќале данок за истите“, вели Арсовски.
Партискиот став е дека „со оваа власт, со вакви директори како Ирина Бухова, СДСМ направи хаос и руина од здравството. Навистина е срамота за ваков скандал да се однесуваат ноншалантно и да молчат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.