Македонија
Поплавени куќи и подруми по обилните дождови во Виница
Во Виница поплавени се куќи и подрумски простории, откако во градот за кусо време наврнаа 55 литри дожд на метар квадратен.
Веднаш после невремето на терен излегле екипи на ЈП Солидарност и Територијалната противпожарна единица Виница, а на помош беа повикани и интервенираа и ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво Кочани, информираше градоначалникот на Виница, Миле Петков.
Покрај куќите и подрумите, поплавени се и индустриски објекти, а штети од невремето има и во Основното училиште „Гоце Делчев” и општинската зграда.
Санацијата на направените штети од невремето ќе продолжи и утре.
(Обновено)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб
Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.
Така, од партијата анализираат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и другите партии на парламентарните избори.
Бројките на партијата досега се: ВМРО – ДПМНЕ – 20.713, СДСМ – 5.857, ДУИ – 7.552, ЛЕВИЦА – 1771, ЗНАМ – 1.552, ВЛЕН – 4.100, ГРОМ – 109.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на изборната единица број 2 во изјава за медиумите говорејќи за претседателските избори рече дека Гордана Силјановска Давкова има убедливо водство пред Стево Пендаровски.
Според партиските бројки, од избројани 12.54 осто од избирачките места, Сиљановска-Давкова има освоено 126.678 гласови, додека пак кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 51.965 гласови.
Македонија
Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити
Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната прес-конференција кажа дека ВЛЕН е апсолутен победник во албанскиот кампус.
„Ви благодариме на трпението и отпорот на сите закани. Како што предупредувавме во текот на кампањата, денеска изборниот процес беше се, само не демократски. За жал државните институции кои имаат задача да го гарантираат процесот, денеска повторно се ставија во служба на ДУИ. Се е документирано и во текот на наредните денови ќе ги информираме претставниците на амбасадите, набљудувачките мисии за сите овие настани и другите релевантни инститиции во земјата и странство. За насилството врз гласачкото право ќе се одговоара“, кажа Меџити.
Тој се осврна и за бојкотот на изборите од страна на ДУИ.
„Денеска драги Албанци, партијата којашто владееше со институциите 22 години го покажа своето вистинско лице, маските на крај паднаа. Со бојкото ДУИ за жал се обиде да го врати политичкото организирање на Албанците во Македонија на предполитичко ниво. Партијата која излезе под името Европски фронт го бојкотираше изборниот процес, примитивен и недемократски чин, чин спротивен на секој европски и демократски принцип, чин кој создава горчлива слика за Албанците во светот“, рече Меџити.
Тој јавно го праша Бујар Османи како ќе го оправда бојкотот на изборите и примитивното однесување на денот на изборите утре пред меѓународните партнери.
„Од утре Македонија се подготвува за политичка ротација. Новата влада ќе ја одразува мнозинството на албански гласачи. Со денешниот ден Али Ахмети ја запечати својата конечна изолација од сите релевантни општествени и политички чинители и фактори во државата и меѓународните фактори. Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник. Заедно со Артан Груби и неговите пријатели кои во оваа кампања демонстрираа само ароганција и насилство, од денеска ќе заврши во политичка изолација од коалициските партнери од опозициските партии од странските амбасадори, од меѓународната заедница, од невладините организации“, кажа Меџити.
Македонија
На избирачко место во Гази Баба ќе се гласа до 21 часот вечерва, гласањето продолжено на вкупно четири гласачки места во земјава
Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната изборна комисија (ДИК) го продолжи гласањето и по 19 часот на вкупно четири избирачки места. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека гласањето е најмногу продолжено на едно избирачки место во Гази Баба.
„Продолжување на гласањето ќе има во следните места: Зелениково, избирачко место 2376 до 20.20 часот, Гази Баба избирачко место 2544 до 21 часот, Центар, избирачко место 2796 до 20.35 часот и Кочани избирачко место 838/1 до 20.30 часот. Две или три од овие места се оние кои утрово имаа технички проблеми, така што нема многу избирачки места во кои ќе биде продолжено гласањето“, рече претседателот Даштевски.
Првичните неофицијални резултати од гласањето за претседател и за пратеници Даштевски најави дека ќе соопшти вечерва во 23.30 часот.