Македонија
(Видео) Каевски: Конкретни придобивки за граѓаните, 225 милиони евра од ЕУ за нашата земја
„СДСМ со своите одговорни политики посветено работи на реализација на стратешките цели на државата и граѓаните, поставени при осамостојувањето на државата. Станавме полноправна членка на НАТО, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија. Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот“, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
Тој напомена дека „Европската Унија минатиот месец одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за големи инвестициски проекти. Со 150 милиони евра, европски пари, се финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8 и тоа делот од Крива Паланка до границата со Бугарија“.
Каевски смета дека „европски средства се наменети и за енергетиката, што е особено важно во услови на криза. Од тоа 1,6 милиони ерва за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица и 5 милиони евра за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа“.
„Ова е само почеток на слевањето на европските инвестициски грантови во државата. Со помош на европски средства ќе се унапредува инфраструктурата, енергетиката, заштитата на животната средина, а секако тука е и континуираната поддршка од ЕУ за земјоделскиот сектор, која ќе се одвива низ програмите ИПА 3 и ИПАРД 3. Пристапувањето кон ЕУ обезбедува пристап до европските фондови“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

