Македонија
Герасимовски: Сопственици на објектите ја чистат „Треска“, крај на депонијата во срцето на Центар

Сопствениците на објектите во напуштената фабрика Треска, денеска го започнаа отстранувањето на руините и опасниот азбестен покрив од кругот на некогашната фабрика. Чистењето на Треска ќе се одвива во фази, најави денеска градоначалникот на Општината Горан Герасимовски.
-Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестните покриви, потоа ќе се срушат дотраените објекти, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крај, на целиот простор ќе се изврши дезинсекција, дезинфекција и дератизација, од причина што во комплексот врие од глувци, змии и други штетници, кои се исто така извор на зараза – рече Герасимовски.
Обврската за чистење на просторот е на сопствениците на објектите, но за сето тоа време тие ќе бидат под надзор на инспекциските служби за животна средина од Општина Центар, посочи градоначалникот. Тој истакна дека сопствениците на објектите веќе склучиле договор со депонијата Дрисла, каде ќе биде однесен опасниот отпад и шутот.
-Отпадот ќе биде депониран во Дрисла, каде ќе биде соодветно уништен. Процесот на чистење на напуштената фабрика се надевам дека ќе се заврши за неколку недели, со што ќе се стави крај на една долгогодишна агонија, и повеќе нема да постои депонија во срцето на Центар, која е штетна по здравјето и животот на жителите од општината – изјави Герасимовски.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Мицкоски е виновен што на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот, вели Филипче

Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено. Вчера вечер Венко Филипче од граѓанската трибина „Мугра на слободата“ обвини дека за една година ВМРО-ДПМНЕ сите победи на СДСМ ги претвори во пораз.
„Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси тој одново Мицкоски ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик на Македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“, рече Филипче.
Притоа тој потсети дека СДСМ е таа која ја извојува победата во Брисел со потпишување на договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик без никакви придавки, фусноти и ѕвездички.
„Тоа беше јасна победа за Македонија и граѓаните која Мицкоски никогаш не ја призна во опозиција. Тој беше разочаран заради тоа, молчеше и не се радуваше, сега е јасно зошто. Во услови кога нема со ништо што да се пофали за една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз поради негови лични интереси и поради потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнат од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот Парламент сега е анулирана, а Македонија а на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот“, заклучи Филипче.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.