Економија
СДСМ: 30% поголеми откупни цени за лозарите, за вранец и смедеревка
Преку партнерски однос со земјоделците, Владата предводена од СДСМ презема мерки да им помогне на лозарите, да го зголеми нивниот стандард и да го унапреди овој, исклучително значаен сектор. Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто во споредба со минатата година, соопшти СДСМ.
„ Сортата „смедеревка ќе се откупува по 13 денари за килограм, а „вранецот“ ќе биде 15 денари за килограм што е три денари повеќе во споредба со лани. Лозарството како извозно ориентирана гранка и во време на светска криза добива сериозна поддршка преку низа мерки креирани од Министерството за земјоделство.
Преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади лозарите добиваат субвенција од 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства, со минимум површина од 1 хектар до максимкум 10 хектари. Лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која може да достигна и до 100 отсто, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интервентните мерки“ се додава во соопштението.
Од партијата додаваат дека изминатите две години, во време на ковид кризата на лозарите им биле испалтени вкупно 649 милиони денари помош. Поддршка била обезбеди и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои се помогна транспортот при извозот на вино.
„ Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. За малите семејни винарии е обезбедена финансиска поддршка до 10 000 евра за набавка на опрема за производство, мерка која предизвикува голем интерес. Со вистински политики Северна Македонија станува топ извозник на вино.
Мерките за лозарството даваат резултати бидејќи трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност. СДСМ со континуирани мерки и политики и понатаму ја продолжува поддршката на оваа земјоделска гранка, како стратешки сектор чиј извоз позитивно влијае за јакнење на домашната економија“ порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)