Свет
Претседателот на Колумбија им понуди спогодба на наркокартелите
Колумбискиот претседател Густаво Петро предложи шверцерите на дрога кои ги почитуваат владините услови, се предаваат и напуштаат криминални активности да не бидат екстрадирани во странство, пренесува „Ројтерс“.
Петро, кој ја презеде функцијата овој месец со ветувања дека ќе донесе „тотален мир“ во Колумбија, рече дека неговата влада е во контакт со различни вооружени групи кои сакаат да преговараат за излез од владиниот конфликт со наркокартелите.
Тој, исто така, значително ја доведе во прашање ефективноста на екстрадицијата, правна алатка што САД ја сметаат за моќна пречка за криминал.
Неговата влада понуди правни отстапки, како што се намалени казни за членовите на бандите кои обезбедуваат информации за трговија со дрога и предаваат оружје, според „Ројтерс“.
– Дилерите на дрога кои нема да преговараат со државата ќе бидат екстрадирани, а доколку ги прекршат условите од постигнатите договори и повторно сторат кривично дело, ќе бидат екстрадирани, без никакви преговори во САД – изјави Петро на новинарите.
Членовите на американската делегација кои оваа недела беа во Богота изјавија дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја препознава заедничката одговорност за трговијата со дрога и потребата да се справи со неа на начин што нема да има последици за и така ранливото население на Колумбија.
Стотици илјади луѓе загинаа во повеќедецениската граѓанска војна во Колумбија, делумно поттикната од трговијата со дрога, пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.