Економија
Германската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“
Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“.
За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и со производственото портфолио. Беа презентирани и големиот број инвестиции кои континуирано ги реализираше „Алкалоид“ низ годините, извозните операции на компанијата, како и големиот број активности и проекти во делот на корпоративната општествена одговорност.
![]()
Посебен акцент беше ставен врз Програмата за практикантство на „Алкалоид“ со дел од образовните институции за високо и за средно образование, која успешно се развива врз основа на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, чија цел е зголемување на ефикасноста на образовниот потенцијал и продукција на стручен и обучен кадар, кој ќе биде способен да одговори на барањата на македонскиот пазар на трудот. Амбасадорката Холштајн го изрази своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“, како и од успешната соработка со германски компании на тамошниот пазар, особено осврнувајќи се на високото ниво на технолошка опременост и на човечкиот капитал кој управува со процесите во „Алкалоид“, со кои имаше можност да се запознае директно, преку обиколка на производствените капацитети и на Институтот за истражување и развој, каде што голем дел од инсталираната опрема е набавена од германски производители. Во текот на посетата беа презентирани и напредните информатичко-комуникациски практики во компанијата и придобивките од САП-системот, кој, исто така, е германско софтверско решение.
![]()
„ Среќна сум што имав можност да ја посетам компанијата Алкалоид, која е македонска гордост и најдобар пример за највисоки корпоративни вредности, постојан раст, вложување во развој, едукација, општествена одговорност и грижа за животната средина. Им посакувам уште поголеми успеси дома и во светски рамки.“, истакна Н.E., Холштајн.
Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, изрази задоволство од оваа работна средба, која е од големо значење за продлабочување на билатералната соработка.
![]()
„ Вистинска чест е што денес како компанија имаме можност да го презентираме нашето работење пред Амбасадорката на Сојузна Република Германија – најголемиот трговски партнер на нашата земја. Презентирајќи ги операциите, ние ја потврдивме нашата заложба кон глобализацијата на брендот ‘Алкалоид’ и посветеноста на континуиран раст и развој на компанијата“, истакна Мукаетов.
Германија е еден од најбрзорастечките извозни пазари на „Алкалоид“, од особено стратешко значење, каде што компанијата оствари пласмани од близу 3 милиони евра во 2021 година, бележејќи раст од 160 % во однос на 2020 година.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека во земјата се реализираат бројни капитални проекти.
„Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти“, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој посочи дека градежништвото бележи континуиран пораст во текот на 2025 година.
„Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат)“, наведува Николоски.
Според него, Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, при што во четвртиот квартал економијата пораснала за 3,8 проценти.
„Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти“, објави Николоски на својот Фејсбук профил.
Економија
Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.
Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.
Економија
ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите
ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.
„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.
Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.
Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.
Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.

