Контакт

Спорт

Македонија остана на 64. место во светот

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 64.место во светот. ФИФа, во четвртокот ја објави најновата ранг листа.

dobivaj vesti na viber

Избраниците на Благоја Милевски имаат најдобар рејтинг од противниците со кои се натпреваруваат во Лигата на нации (Бугарија (74), Грузија (82), Гибралтар (200).

Инаку на најновата листата на ФИФА има една голема промена во Топ 10. Белгија повеќе не на првото место, најдобра светска селекција сега е Бразил.

Зад Бразил и Белгија се наоѓаат Аргентина, Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.

Фото/ffm.mk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Во чест на Андреј Лазаров Тиквеш го повлече дресот со број 16

Објавено пред

ГФК Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16. Овој број во периодот додека настапуваше за ГФК Тиквеш го носеше Андреј Лазаров, кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Лазаров, на 16.март кога се случи пожарот кој однесе 59 животи им помагал на луѓето. Иако првичните информации беа дека неговата состојба е стабилна, тој им подлегна на повредите.

„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 16кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен.
Ангелите живеат вечно
Збогум Андреј“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Почина Еди Џордан

Објавено пред

Почина Еди Џордан, првиот вистински успешен сопственик на независен тим во Формула 1. Тој имаше 76 години.

dobivaj vesti na viber

Еди Џордан во декември 2024 година објави дека му бил дијагностициран рак на простата, кој почнал да се шири на неговиот ‘рбет и карлицата.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на Еди Џордан, поранешен сопственик на Формула 1 тим и телевизиски консултант. Тој почина мирно, опкружен со семејството во Кејп Таун во раните утрински часови на 20 март 2025 година“, соопшти неговото семејство.

Во автомобилските кругови, Џордан првпат стана познат како возач. Започна во Ирска да вози картинг, а потоа се пресели во Формула Форд во 1974 година. Тој се тркаше во Формула 3 и Формула Атлантик и накратко стигна до европската Формула 2. Беше тест возач за Мекларен во Формула 1.

Сепак, покажа дека тој има таленти за други работи, можеби дури и повеќе од само возење. Еди Џордан Рејсинг брзо изгради репутација. Во болид дизајниран од Гери Андерсон.

Во 1991 година Џордан гран при ги надмина сите очекувања и го освои петтото место меѓу конструкторите. Во првата сезона со болидот Џордан 191 дебито го имаше дебитираше Михаел Шумахер.

Шумахер наскоро ќе се пресели во тимот на Бенетон, а подоцна ќе стане седумкратен светски шампион.

Најголемиот успех на тимот беше на ГН на Белгија во 1998 година кога Дејмон Хил и Ралф Шумахер остварија „еден-два“ победа.

Најголемиот успех на тимот на крајот на сезоната дојде во 1999 година, кога Хил и Френцен го освоија третото место во генералниот пласман меѓу конструкторите.

Тој беше присутен во Формула 1 на овој начин до 2005 година, кога го продаде тимот, кој ги смени имињата, најпрвин во Мидленд, потоа Спајкер, па Форс Индија и Рејсинг Поинт, сега го носи името Астон Мартин.

Тој беше присутен и во медиумите, како една од омилените личности, а во 2023 година лансираше свој подкаст со Дејвид Култхард – „Формула за успех“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Манчестер јунајтед ќе го купува Белингем

Објавено пред

Манчестер јунајтед се распрашува за помладиот брат Белингем, Џоб, инаку играч на Сандерленд.

dobivaj vesti na viber

Помладиот брат на Џуд Белингем, игра одлично во Чемпионшип за Сандерленд. За разлика од неговиот постар брат, Џоб е дефанзивен играч за врска, но оваа сезона постигна четири гола и додаде три асистенции.

И други клубови покажале интерес за Белингем, но Јунајтед во моментов е најконкретна опција.

Џоб ја започна својата кариера во Бирмингем, а пред две и пол години премина во редовите на „црните мачки“ за нешто помалку од два милиони евра. Сандерленд би можел да заработи голема сума од продажбата на помладиот Белингем чија моментална пазарна вредност се проценува на околу 18 милиони евра.

Белингем има уште три години од договорот со Сандерленд, што му дава простор на клубот да ја извлече посакуваната сума доколку реши да го продаде фудбалерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија21 минута

Граѓани од цела држава пристигнуваат на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта. Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека,...

Македонија33 минути

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија1 час

Таравари постхумно ќе го одликува починатиот возач на Итната помош: Не знам колку часови работел, но направил огромна работа

Возачот Иле Гоцевски, кој почина откога единаесет пати го мина патот од Кочани до Скопје со пациенти, ќе биде постхумно...

Македонија1 час

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија1 час

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија3 часа

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ3 часа

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија3 часа

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Регион4 часа

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија5 часа

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ6 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија14 часа

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија17 часа

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија17 часа

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија18 часа

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија19 часа

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија19 часа

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија21 час

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...

Македонија22 часа

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот...