Спорт
Адеми и Ристовски ќе добијат по 100.000 евра за пласманот во ЛШ
Динамо Загреб синоќа на „Максимир“ го победи Бодо со 4:1 во реваншот од плеј-офот на Лигата на шампионите и по три години се врати во групите од најелитното европско натпреварување. Хрватскиот шампион победи дури по продолженијата, во кои Дрмиќ и Бочкај постигнаа голови во 117. и 120. минута.
Динамо со влезот во Лигата на шампионите заработи најмалку 22 милиони евра. За влез во групите доби 15,94 милиони евра, а на клупскиот коефициент во последните пет години ќе добие околу шест милиони евра. Тоа е минимумот што го заработи клубот.
Но, освен клубот, нешто ќе заработат и фудбалерите. За овој влез во Лигата на шампионите не беа предвидени дополнителни бонуси, туку оние кои веќе подолго време се во клупскиот правилник.
По 100.000 евра треба да добијат оние играчи кои го понесоа најголемиот товар за пласман во ЛШ, односно оние кои играа најмногу, а другите ќе дбијат помала сума.
Кога станува збор за бонусите за резултати во Лигата на шампионите, последен пат кога Динамо играше во неа, за победа играчите добиваа по 50.000 евра, а за реми по 30.000 евра. Слични суми треба да се поделат и оваа сезона, иако може да има мало зголемување на наградите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По 100.000 симулации, суперкомпјутерот пресмета дека Шпанија ќе победи на СП
Foto/ EPA
Ждрепката за Светското првенство во 2026 година ќе се одржи денес во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон. Церемонијата започнува во 18:00 часот по средноевропско време, а малку подоцна ќе биде познато како ќе изгледаат 12-те групи на досега најмасовното Светско првенство.
САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули ќе бидат домаќини на Светското првенство..
Ова ќе биде првото Светско првенство на кое ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, дури 16 повеќе отколку на Светското првенство во Катар 2022 година.
Ова значи дека вкупниот број на натпревари ќе се зголеми од 64 на 104.
Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи од секоја група и осум од 12-те третопласирани репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето.
Експертите од платформата „Фудбал мејтс дата“, специјализирана за применета фудбалска статистика, направија 100.000 симулации на претстојното Светско првенство за да гои одредат фаворитите пред ждрепката.
Суперкомпјутерот ѝ дава на Шпанија најголема шанса за титулата, пред бранителот на титулата Аргентина и актуелниот вицешампион Франција.

Спорт
Јаја Туре: Мојата сопруга ми рече дека Гвардиола е ѓавол
Јаја Туре (42) отвори нова епизода од кавгата со Пеп Гвардиола (54), го обвини менаџерот на Манчестер Сити дека се однесувал кон него „како кон ѓубре“ и опишувајќи го како „змија“. Легендата на Брегот на Слоновата Коска се присети на болката што ја чувствувал кога, како што тврди, бил маргинализиран од Гвардиола.
Гостувајќи на „YouTube“ каналот „ZACK“, Туре за Гвардиола рече: „Не гледам човек, гледам змија“.
Тој се присети на клучниот момент во Барселона и улогата на неговата сопруга во трансферот во Манчестер Сити.
„Тренерот ме вика и ми вели: „Мора да се вратиш, важно е“. Мојата сопруга ми вели: „Ќе ги слушаш ли овие глупости? Се однесуваше кон тебе како кон ѓубре, а сега сака ти да останеш? Одиме во Манчестер“.
Тој не ме користеше цела година, а на крајот од таа година блескав на Светското првенство (2010), и тој ме враќа назад. Мојата сопруга рече за него: „Ѓавол. Тој не е човек, тој е зло“. Таа го гледа како негативна личност“, додаде Туре.
Кавгата започна уште во 2008 година, кога Гвардиола ја презеде Барселона и ја промени хиерархијата во средниот ред. Туре беше заменет од младиот Серхио Бускетс, чија способност за контрола на поседот беше повеќе во согласност со филозофијата на Гвардиола. Туре тешко се справуваше со таквата одлука и се чувствуваше потценет и покрај добрите настапи.
Истата динамика се повтори во 2016 година, кога Гвардиола пристигна на „Етихад“. Туре, тогаш веќе легенда во клубот, повторно доби споредна улога, предизвикувајќи бран јавни поплаки од неговиот агент, Димитри Селук. Иако Туре беше клучен во освојувањето на титулата на Сити, влошувањето на односот со Гвардиола го означи крајот на неговата ера во клубот.
По напуштањето на Сити, Туре отиде чекор понатаму, сугерирајќи дека зад одлуките на Гвардиола стојат подлабоки мотиви. Тој тврдеше дека постоел модел на неправеден третман на африканските играчи, обвинувања што Гвардиола жестоко ги негираше.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Столе Димитриевски не дозоволи Валенсија да биде елиминирана од Купот
Столе Димитиревски од срам ја спаси Валенсија во третото коло, во Купот на Кралот. Валенсија по 120 минути борба го победи членот на третата лига, Картагена со 2:1.
Валенсија беше зрела, губеше од 21-та минута со голот на Ортун. А Картахена ја задржа таа предност до 80-та минута, кога Белтран изедначи на 1:1 и избори продолженија.
А во продолженијата се случи востонска драма. Во 112-та минута, Валенсија остана со играч помалку, поради вториот жолт картон на Сантамарија. А потоа, во 119-та минута, беше досуден пенал за домашната екипа. 20-годишниот Кевин Санчез ја презеде одговорноста. Сепак, искусниот македонски репрезентативец Столе Димитријевски го одбрани пеналот.
Хесус Васкез се погрижи трагедијата да биде поголема. Левиот бек на Валенсија, чие име во превод значи Исус, постигна гол во првата минута од судиското продолжение за пласман во 1/16-финалето.
🏆🦇 Els dos moments clau de la victòria del @valenciacf_vale a Cartagena:
🧤El penal aturat per Dimitrievski
⚽️El gol de Jesús Vázquezhttps://t.co/obYzIulMsH pic.twitter.com/fRptcEClGp
— À Punt Esports (@apuntesports) December 4, 2025
Foto/ EPA

