Спорт
„Жена во Формула 1? Само ако метеор удри во Земјата“
Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1, истакна дека постојат одредени чекори жена да седен во Ф1 болид, но дека тоа нема да се случи во блиска иднина.
Само две дами во историјата биле возачи во најбрзиот циркуз, последната беше Лела Ломбарди во далечната 1976 година.
„Важно е во овој момент да дадеме максимална можност некоја жена да влезе во Формула 1. За да се случи ова, девојките мора да влезат во мотоспортот практично истовремено со момчињата и да се развиваат преку Формула 2 или Формула 3“, вели Доменикали.
Сепак, желбата е едно, а реалноста нешто сосема друго, како што призна и самиот Доменикали.
„Реално гледано, не гледам ниту една жена во Формула 1 во следните пет години. Само ако метеор не удри во Земјата“, рекол Италијанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тежок пораз на Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим
Новак Ѓоковиќ дожиева дебакл во третото коло на Мастерсот во Рим. Светскиот број 1, загуби од Алехдандро Табило за само 68 минути игра. Чилеанецот, инаку 32. на АТп листата го победи Ѓоковиќ со 6:2, 6:3.
Во текот на целиот меѓ Ѓоковиќ имаше издание какво што неговите фанови не години наназад. Ѓоковиќ беше надигран во секој сегмент од играта, а треба да се напомене дека и 26-годишниот Табило беше многу инспириран и концентриран и апсолутно заслужено ја постигна најголемата победа во кариерата.
Оваа победа ќе му донесе место меѓу најдобрите 30 играчи на АТП листата. Исто така, ова беше прва победа на Табило над тенисер од Топ 10.
Табило во четвртото коло ќе игра против Карен Хачанов.
Спорт
Мартин го покори Ле Ман, Маркез втор пред Бањаја
Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, ја комплетираше двојната победа во Ле Ман. Вчера победи во спринт трката, а попладнево беше најдобра во трката за Големата награда на Франција.
Шпанецот ја оствари својата втора победа оваа сезона, има три победи во спринт трките, за четири и пол десетинки пред Марк Маркез на Гресини Дукати. На третото скалило на победничкиот подиум се најде бранителот на титулата Франческо Бања на Дукати.
На патеката „Бугати“ се одвиваше неверојатна борба, која кулминираше во последниот круг. Бањаја беше на врвот од почетокот, кога ја презеде водечката позиција од Мартин, додека Маркез се пробиваше низ поредкот, тој стартуваше од 13. место.
На седум круга до крајот Мартин успеа да го мина Бањаја, а актуелниот првак на крајот ја загуби и втората позиција. Маркез го престигна Бањаја во втората половина од последниот круг.
Најдобар од останатите беше вториот возач на Дукати, Енеа Бастианини, зад него беа Маверик Вињалес на Априлија, Фабио Ди Џанантонио (ВР46), Франко Морбидели на Прамак Дукати и Бред Биндер од КТМ Рејсинг.
Спорт
Зошто играчите на Милан ги носеа моминските презимиња на нивните мајки на дресовите?
Милан го декласираше Каљари со 5:1 на „Сан Сиро“ во 36. коло од Серија А. Двоен стрелец за избраниците на тренерот Стефано Пиоли беше Кристијан Пулишиќ, кој погоди во 59. и 86. минута, додека по еден гол постигнаа Исмаел Бенасер во 35., Тијани Рајндерс во 74. и Рафаел Леао во 83 минута.
На две кола пред крајот на италијанското првенство, Милан има 74 бодови и го обезбеди второто место, со оглед на тоа што третопласираната Болоња заостанува седум бода.
Натпреварот помеѓу Милан и Каљари го привлече внимание поради акцијата што ја изведоа фудбалерите на Стефано Пиоли.
Денеска е Денот на мајката, а фудбалерите на Милан го одбележа со тоа што играчите на дресовите наместо своите и го носеа моминските презимиња на нивните мајки.
Целта на иницијативата беше да се подигне свеста за правото на личен идентитет, што произлегува од пресудата на италијанскиот Уставен суд од април 2022 година, кој одлучи дека автоматското доделување на презимето на таткото е дискриминаторски.
Од 1 јуни 2022 година и двајцата родители на детето мора да имаат право на избор на презимето.
„Играњето со презимињата на нашите мајки на дресовите е посебен начин да им оддадеме почит на неверојатните жени кои нè обликуваа и нè поддржуваа во текот на нашите животи. Тоа е важен гест што ја нагласува важноста на семејството и врската која нè движи на теренот и во приватниот живот. Горд сум што ја претставувам мајка ми на овој уникатен и искрен начин“, рече Пулишиќ.