Црна хроника
361 санкција за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.8.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 361 возач.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.