Спорт
Леклер верува дека може да ја освои титулата

Возачот на Ферари, Шарл Леклер смета дека сè уште има шанси да се бори за титулата, но свесен е дека бранителот на титулата Макс Верстапен има значителна предност пред да продолжи вториот дел од сезоната.
Тимот од Маранело имаше многу проблеми и пехови на првите 13 трки и сега има заостанување од 97 поени зад Ред Бул, иако подобро ја почна сезоната од австрискиот тим.
Пред да замине на летната пауза, Леклер забележа два разочарувачки резултати: на трката за ГН на Франција се повлече поради грешка што ја направи додека беше во водство, додека на патеката Хунгароринг поради лошата стратегија заврши на шестата позиција.
„Мораме да се справиме со резултатите заедно, како тим. Треба да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се појави, но верувам дека можеме да го зграбиме приклучокот и да се бориме за титулата до самиот крај. Ќе биде тешко, но сè додека има шанси – верувам дека можеме да го направиме тоа“.
Ферари и Леклер имаат значителен минус пред продолжението на сезоната – никогаш досега не била надоместена предност од 80 бода во шампионската борба. Тие имаат можност да го подобрат својот впечаток веќе в недела во 15 часот, кога на програмата е Големата награда на Белгија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пјатек: Реал Мадрид избираше меѓу мене и Лука Јовиќ

Кшиштоф Пјатек, напаѓачот на Башакшехир, откри дека во минатото Реал Мадрид покажал сериозен интерес за него, на крајот трансферот му го расипал Лука Јовиќ.
Во сезоната 2018/19 Јовиќ и Пјатек блескаа на „стариот континет“. Јовиќ за Ајнтрахт, постигна 27 гола на 47 натпревари, Пјатек беше на насловните страници во Италија. Играјќи за Џенова и Милан постигна 30 гола на 42 натпревари.
„Сега можам да ги откријам деталите. Реал Мадрид избираше меѓу мене и Лука Јовиќ. Од претходно знаев дека скаутите на Реал ме гледаат во Милано и собираат информации. Имав состанок со директорите Леонардо и Малдини кои беа лути затоа што моите менаџери разговараа со Реал и се обидоа да направат приказна. Сметаа дека тоа не е фер моја страна, бидејќи веќе играм за голем клуб. Се бранев дека знам само за интересот и дека лично не сум разговарал со никого. Знаев дека шансите се 50/50“, изјави полскиот напаѓач.
Како што е познато, Реал Мадрид тоа лето го избра Јовиќ и го донесе од Ајнтрахт во трансфер вреден 63 милиони евра. Но, се покажа дека ниту Јовиќ ниту Пјонтек подоцна не ги повторија тие сезони и гне изградија кариери какви им предвидуваа.
Србинот мина година и пол во Реал Мадрид и на 32 натпревари постигна два гола, по што накратко се врати во Франкфурт како позајмен играч. Во Реал Мадрид остана уште една сезона, постигна гол на 19 натпревари и се пресели во Фиорентина. Таму остана една година, а потоа се пресели во Милан.
Пјонтек остана во Милан, но неговите перформанси се влошија и тој беше продаден на Херта по само шест месеци за 24 милиони евра. Подоцна го испратија на позајмица во Фиорентина и Торино, за во последните две сезони игра добро во Башакшехир, каде ја оживеа кариерата и постигна 45 гола на 73 натпревари.
Спорт
Дончиќ: Лука се уште не може да се споредува со Дражен

Таткото на еден од најдобрите светски кошаркари Лука Дончиќ и спортскиот директор на словенечката кошаркарска репрезентација Саша Дончиќ беше гостин на Хрватската телевизија, а особено се осврна на прашањето дали Лука Дончиќ може да се споредува со Дражен Петровиќ.
„Дражен е сеуште Дражен. Тој е легенда. Лука е уште далеку од тоа, но мислам дека е на вистинскиот пат. Не би ги споредувал, секој беше меѓу најдобрите во своето време. Мило ми е што некој од Европа покажува дека овде се игра добра кошарка, и во минатото и сега“, рече Дончиќ сениор.
Спорт
Ливерул во наредната сезона ќе влезе со нов технички спонзор

Лидерот на табелата во Премиер лигата и веројатно новиот англиски шампион, Ливерпул ја прекина соработката со компанијата „Најки“. По 13 години гермскиот гигант „Адидас“ се враќа на „Енфилд“.
Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но локалните медиуми успеаја да „ископаат“ дел од договорот.
Ливерпул на социјалните мрежи објави дека потпишал долгорочен договор со спортскиот бренд „Адидас“ кој ќе стане официјален партнер на клубот. Ова ќе биде трет пат во историјата, „црвените“ да соработуваат со компанија од Херцогенаурах.
Медиумите тврдат дека се работи за петгодишен договор вреден околу 70 милиони евра годишно.
„Ливерпул и Адидас договорија ново повеќегодишно партнерство, со кое спортскиот гигант повторно ќе стане официјален партнер на клубот. Од 1 август 2025 година, нашиот клуб ќе ги носи легендарните три риги, трет пат во историјата“, објави „Енфилд“.
Адидас со опрема ќе ги снабдува сите машки, женски и младински секции на Ливерпул, како и персоналот на клубот.
Англискиот гигант и германскиот производител на спортска опрема претходно соработуваа во два периода, од 1985 до 1996 година, а потоа и од 2006 до 2012 година.