Спорт
Врсаљко ја заврши репрезентативната кариера

Хрватскиот фудбалски сојуз денеска на својата официјална веб-страница објави дека Шиме Врсаљко се простил од репрезентацијата.
„Не е лесно, но… време е. Добриот дух на соблекувалната, генератор на позитивна енергија, Шиме Врсаљко реши да стави крај на репрезентативната кариера и да се прости од дресот на ‘Ватрените’ со пристојна, емотивна нота”.
Во писмото Врсаљко им се заблагодари на сите оние со кои ја делел соблекувалната во изминатите 12 години.
За Хрватска дебитираше во 2010 година против Малта, последниот натпревар го одигра против Данска на 10 јуни оваа година. Вкупно за Хрватска одигра 52 натпревари. Беше важен играч во тимот кој го освои второто место на Светското првенство во 2018 година.
Врсаљко од оваа сезона е играч на Олимпијакос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонската ракометна репрезентација оди на Европско, вечерва ја победи Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја победи Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и обезбеди пласман на 17. Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Скандинавија.
Македонија ја победи Литванија со 26:17. Литванците поведоа на почетокот на натпреварот со 0:4, но во вториот дел Македонија доминираше и победи со девет гола разлика.
Европското првенство ќе се одржи во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска. Жрепката за групната на Европското првеснтво ќе биде в четврток.
Спорт
Барса го нокаутира Реал, публиката виде спектакуларни седум гола на натпреварот

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3.
Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот.
Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”.
Публиката го оцени тукушто завршениот натпревар како еден од најдобрите меѓу ривалите.
Почетокот најавуваше целосно спротивен исход, откако Реал по 14 минути водеше со високи 2:0, со два гола на Килијан Мбапе.
Во 3. минута беше досуден пенал над Французинот, кој сам го реализираше за водство на гостите. Веќе во 14. минута нов шок за Барса и целосна тишина на стадионот, кога Мбапе избега зад грбот на високо поставената одбрана на ривалот и лесно го совлада Шчењи.
Веќе во 19. минута Ерик Гарсија после корнерот од левата страна го намали водството на 1:2. Се чекаше изеднадување до 32. минута кога Ламин Јамал за три минути донесе пресврт со два маестрални гола. Посебно извонредна беше мајсторијата на Јамал, во негов стил, но и онаа на Рафња кој од својата позиција после пресингот доведе до 3:2.
Истиот играч во 45. минута изврши притисок на Лукас Васкес, му ја зњсњ топката, одигра дупли пас со Феран Торе, и ефектно ја смести топката во мрежата за 4:2. Нокаутот на Реал, не го спаси ни Мбапе кој во второто полувреме, во 70. минута ја намали разликата на 4:3.
Имаше поништени голови на двете страни, но и промашени зицери, пред сè на Реал во 89. и 90. минута.
Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.