Вести
Сириската војска објави крај на примирјето, САД бараат појаснување од Русија
Сириската армија објави во понеделникот крај на примирјето коешто траеше една седмица, како што беше договорено меѓу Русија и САД, обвинувајќи ги бунтовничките групи кои ги поддржува Вашингтон за неуспехот да се одржи прекинот на огнот, додека американката страна е подготвена да го продолжи и бара од Москва појаснување за овој потег на Дамаск.
„Сириската армија објавува прекин на огнот кој започна на 12-ти септември во 19 часот во согласност со руско-американскиот договор“, се наведува во соопштението што го цитира службената новинска агенција SANA.
„Се претпоставуваше дека режимот на прекин на огнот претставува реална шанса да се стави крај на крвопролевањето, но истовремено терористите (како што официјален Дамаск ги именува сите бунтовнички групи – з.р.), не се придржуваа до ниедна од точките на договорот за прекин на огнот, а бројот на нарушувањата од нивна страна надмина 300“, се додава во цитираната изјава на командата на сириската армија.
Сирискиот воен извор претходно за агенцијата AFP најави дека договорот за прекин на огнот ќе истече во 19 часот во понеделникот.
Договорот кој го постигнаа руските и американските дипломати во почетокот на 12-ти септември по објавувањето на примирјето да се намалат судирите, но кон крајот на минатата седмица насилството повторно ескалираше.
„„Сириските воени сили имаа најголем степен на самоконтрола и покрај кршењето на примирјето од страна на терористичките групи. Вооружените сили ја потврдуваат својата намера и решителност да продолжат со борбата против тероризмот за да ја вратат сигурноста и стабилноста во Сирија“, порачува сириската армија.
Дамаск додава и дека примирјето бунтовничките опозициски групи го искористиле за прегрупирање и мобилизирање на екстремните групи и концентрирање најразлични видови оружје и продолжување на нападите врз цивилни населби, особено врз градовите Алепо, Хама и Кунејтраи
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави во понеделникот во Њујорк дека Русија наводно не се придржувала до својот дел од договорот кој инаку Вашингтон одбиваше јавно да биде објавен, но дека „руските и американските функционери во моментов се состануваат во Женева“, како и дека „процесот продолжува“, а во текот на денот ќе се знае повеќе.
Руското министерство за одбрана смета дека се мали шансите дека примирјето ќе продолжи по понеделникот.
„Имајќи предвид дека бунтовниците не ги почитуваат условите за примирјето, сметаме дека е бесмислено сириската војска да го спроведува еднострано“, порача генерал-полковникот Сергеј Рудској. Според него, главниот проблем е што бунтовниците коишто ги подржуваат САД не се одвоија од Џебхат ан-Нусра, бунтовничка група која дејствува како сириски огранок на Ал Каеда, а минатиот месец се преименуваше во Џабхат Фатетех ал-Шам.
САД се подготвени за продолжување на прекинот на огнот во Сирија и од Русија очекуваа појаснување на позицијата на Дамаск во врска со ова прашање се наведува во писмената изјава испратена до светските агенции од шефот на службата за односи со јавноста на Стејт департментот, Џон Кирби кој го придружува Кери во Њујорк на 71-та сесија на Генералното собрание на ОН.
Според портпаролот на американската дипломатија, САД „се подготвени да го продолжиме времетраењето на примирјето“ во Сирија, „истовремено работејќи на неговото зајакнување и проширување на доставувањето на (хуманитарната) помош“.
„Ќе се консултираме со руските колеги, да продолжат да го поттикнуваат и да го искористат за горенаведените цели своето влијание врз (сирискиот претседател Башар ал-)Асад“, истакнува Кирби.
Додава дека американските власти „се запознаени со коментарите, кои им се припишуваат на вооружените сили на Сирија“, за завршување на прекинот на огнот. Но бидејќи Вашингтон го склучил новиот договор за Сирија со Русија а не со Дамаск, тогаш тој очекува Москва да ја „појасни позицијата“ на владата на Асад, истакнува Кирби. Тој тврди дека Русија „ја понесува одговорноста за спроведување од страна на сирискиот режим“ за договорот за прекин на борбените дејствија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.