Македонија
Општина Кисела Вода започнува со изградба на велосипедски патеки

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните работи на улицата “Наум Охридски” во Црниче. На потегот помеѓу улицата “Жванска” и улицата “Бихаќка”, се гради велосипедска патека во должина од 600 метри и ширина од 1.20 метри. Поради зголемена безбедност на велосипедистите, патеката е одделена и заштитена со столпчиња.
„ Денес на улицата “Наум Охридски” во населбата Црниче градиме велосипедска патека, како почеток на планираното создавање на велосипедска инфраструктура низ општина Кисела Вода. Се работи за простор во должина од околу 600 метри, предвиден за сите оние кои кои велосипедот го користат во своето секојдневие, за спорт и рекреација или како превозно средство. Велосипедски патеки ќе има и на новата делница од булеварот „Борис Трајковски“ која е во изградба, на потегот од крстосницата во Пинтија до Драчево. Веќе нарачавме проекти и за останатите делови низ општината и етапно ќе се постапува во насока на зголемување на мобилноста на велосипедистите и овозможување безбедност и ефикасност на велосипедскиот сообраќај. Паралелно, разгледуваме можни сообраќајни решенија за изградба на мрежа на велосипедски патеки и на повеќе други локации низ целата општина, со цел да го искористиме целокупниот инфраструктурен потенцијал. Велосипедот е најеколошкото превозно средство, кое воопшто не предизвикува загадување на воздухот, не создава сообраќаен метеж, а воедно е и најевтиното средство за транспорт, што секако е многу важно во периодов на енергетска и финасиска криза во која живееме. Унапредувањето на велосипедскиот сообраќај во Кисела Вода е мое ветување дадено пред граѓаните, дел од младинските барања на кои се обврзав и, како што гледате, активност која веќе активно ја спроведувам на терен-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).