Спорт
Левандовски го крена на нозе „Ноу Камп“ со два „мајсторски“ гола

Роберт Левандовски е истиот, иако е во нов клуб, откако постигна два фантастични гола за да ги предводи Барселона до 4:0 победа над Реал Валјадолид, покажувајќи на сите скептици кои сметаа дека е престар за нов почеток, дека класата нема години.
Откако минатото коло постигна два гола на гости против Реал Сосиедад, полската гол-машина „проработе“ во 24. минута, кога по одличната асистенција на уште едно ново засилување, Рафиња, постигна уште поубав гол. Тимот на Чави Ернандез не го намали притисокот и во 43. минута, Педри се најде во најдобра позиција по мешаницата пред голот на гостите за да го удвои водството.
Лева не застана тука – во 65. минута, по асистенција на Усман Дембеле (негова втора на мечот), со петица го постигна својот втор гол за да го запечати триумфот и да го најави големото пристигнување во шпанскиот фудбал. Во 92. минута од мечот Левандовски за малку ќе го комплетираше хет-трикот, но неговиот удар заврши во пречката, пред Серхи Роберто да ги постави конечните 4:0.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Компани во Баерн до 2029 година

Челниците на Баерн Минхен се презадоволни од работата на Венсент Компани, па по само една сезона решија да му го продолжат договорот.
Новиот договор важи до јуни 2029 година. Претходниот договор беше важечки до 2027 година.
Компани дојде во Минхен од Барнли во јуни 2024 година и ја освои титулата во Бундеслигата во својата прва сезона. Пред почетокот на оваа сезона, тој го освои трофејот во Суперкупот на Германија.
„Чест ми е што добив поддршка. Го запознав клубот, ми се чини дека сум тука многу подолго од една година. Ова е продолжение на едно прекрасно патување. Мораме да работиме уште понапорно и да славиме уште многу успеси“, рече Компани.
Баварците имаат совршен почеток на сезоната. Во осум натпревари од Бундеслигата, тие имаат исто толку победи, а во Лигата на шампионите победија во првите два натпревари.
Foto/ FC Bayern München
Спорт
180 навивачи на Наполи уапсени во Холандија

Полицијата приведе 180 навивачи на Наполи поради страв од немири пред натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ и Наполи во вторник во 21 часот.
Органите на редот соопштија ги привеле навивачите на италијанскиот тим и ги префрлила со автобус во полициската станица на испрашување „бидејќи нивното однесување довело до нарушување на редот“.
Исто така, четворица навивачи на ПСВ беа приведени на друга локација во градот. Градските власти го прогласија вечервашниот дуел за натпревар од висок ризик.
Минатата недела, властите создадоа зона на безбедносен ризик во центарот на градот и околу стадионот на ПСВ, поради страв од судири на навивачите. Полицијата на тој начин доби дополнителни овластувања за следење и контрола на толпата и пребарување на навивачите за оружје и пиротехнички средства.
ПСВ освои бод во првите две кола од Лигата на шампионите, а Наполи има три.
Спорт
Карвахал: Натпреварот Виљареал – Барселона ги крши правилата на Ла Лига

Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид, смета дека регуларноста на шпанското фудбалско првенство е нарушена затоа што организаторот на Ла Лига им дозволил на Виљареал и Барселона да играат во американскиот град Мајами.
„Тоа е јасно кршење на правилата за натпреварување. Сите тимови нема да се натпреваруваат под исти услови“, изјави 33-годишниот дефанзивец за државната телевизија. РТВЕ.
Во шпанското првенство има 20 клуба кои треба да играат еден натпревар на домашен терен и еден натпревар во гости против истите противници. Ла Лига претходно овој месец објави дека Виљареал ќе биде домаќин на Барселона наместо дома на 20 декември на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, кој е неутрален терен за двата тима.
Карвахал, рече дека играчите, клубовите и Ла Лига јавно се залагаат за пофер натпреварување, но дека Ла Лига не се придржува до тоа.
„Овој натпревар е историски чекор што ја носи Ла Лига и шпанскиот фудбал на сосема ново ниво“, рече Хавиер Тебас, претседател на Ла Лига.
„Ги разбираме и ја почитуваме загриженоста што оваа одлука може да ја предизвика, но важно е да се стави во контекст: ова е еден натпревар од 380-те во сезоната. Ла Лига има милиони фанови низ целиот свет, вклучувајќи многумина кои страсно ги следат своите тимови и заслужуваат можност да ги видат во живо барем еднаш“, додаде тој.
Foto/ EPA