Црна хроника
Приведен криминалец од село Синѓелиќ баран со потерница
Денеска (29.08.2022) во 10.20 часот во с. Синѓелиќ-Скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.В. (49) од с. Сингелиќ.
За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 5 години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен маж од Неготино, ја вознемирувал поранешната партнерка
Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.
„Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
Вчера во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, додека В.П.(66) од Скопје косел трева со импровизирана косилка, се здобил со струен удар и починал.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
Црна хроника
Возач на трактор тешко повреден откако излетал од коловозот
Вчера во 08.45 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.