Спорт
Тјери Анри официјално стана акционер во Комо, клубот го купи Патрик Кутроне
Легендата на Арсенал и на францускиот фудбал, Тјери Анри, е последното големо име кое се поврза со италијанскиот прволигаш Комо 1907, станувајќи акционер во тимот.
Комо привлече огромно внимание ова лето, откако потпишаа договор со ветеранот Цеск Фабрегас по неговото заминување од Монако, кога и поранешниот шпански репрезентативец стана акционер во клубот од Ломбардија, инаку во мнозинска сопственост на „Џарум групацијата“.
„Чекав проект како Комо долго време. Клуб со амбиција и клуб кој ги споделува моите вредности – дека за да расте клубот, треба расте локалната заедница.Кога зборував со тимот и ми кажаа за иницијативите за локалните жители и амбициите на клубот, знаев дека се работи за голема шанса за мене“, вели 45-годишниот Анри.
Поранешниот капитен на Челси, Денис Вајс, кој е генерален директор во клубот, беше презадоволен.
„Големо задоволство е да му посакаме добредојде на Тјери Анри. Откако му ја објаснивме нашата визија и амбицијата да влеземе во Серија А, тој веднаш нè поддржа“, вели Вајс.
Второтолигашот исто така го потврди трансферот на поранешниот фудбалер на Милан, Патрик Кутроне од Вулверхемптон на тригодишен договор. Поранешниот италијански репрезентативец е роден во Комо.
È tornato a casa! Como 1907 è lieta di annunciare l’ingaggio dell’attaccante Patrick Cutrone dal Wolverhampton con un contratto triennale ????⚪
➡ https://t.co/Tw8QzkczyU#como #Cutrone #calcio #serieb pic.twitter.com/TcdeaKm1G5
— Como1907 (@Como_1907) August 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

