Црна хроника
Тепачка во локал во Гевгелија, нападнато малолетно девојче

Две лица се тепале во угостителски објект во Гевгелија, а според пријавата во полицијата двајцата потоа нападнале малолетно девојче.
„На 28 август во 2:45 часот било пријавено дека околу 02.15 часот во угостителски објект во Гевгелија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.Л.(25) и С.Д. вработен во објектот двајцата од Гевгелија. Исто така на 28 август во три часот А.Ч.(41) од Гевгелија пријавил дека околу 21:15 часот во угостителски објект во Гевгелија, при нарушен јавен ред и мир со меѓусебна пресметка неговата малолетна ќерка била физички нападната од И.Л.(25) и С.Д., двајцата од Гевгелија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведени шест возачи минатата вечер за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се шест случаи на управување на возило под дејство на алкохол, односно шестмина возачи кои што се исклучени од сообраќај и против кои што ќе бидат поднесени кривични пријави.
Така, вчера вечер околу 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица го лишија од слобода И.И. (43) од село Косевица, кој управувал патничко моторно возило „Ауди“, без стекната возачка дозвола а под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.
Потоа денеска (06.07.) во 01.30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од ПС за БПС Тетово, го лишиле од слобода Г.С. (42) од село Брвеница, кој што управувал патничко возило „Фолксваген Кади“ со измерени 2.05 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Во 00.35 часот во Стар Дојран, пак, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Ј.(40) од дојранското село Црничани, кој што управувал патничко возило „Фиат“ под дејство на алкохол, односно со измерени 2.45 промили алкохол во крвта.
Денеска во 00.45 часот и полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп го лишија од слобода Ж.П.(55) од Прилеп, кај кого при сообраќајна контрола, додека управувал со патничко моторно возило „Фиат“, биле констатирани односно измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
Во 02.16 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А. (19) од Виница кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,92 промили алкохол во крвта, а пак полициски службеници од СВР Куманово во 01,28 часот го лишија од слобода С.С. (29) од Куманово, кој што управувал возило марка „Ауди“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,57 промили алкохол во крвта.
Црна хроника
Скопјанец најден починат во Охридското Езеро

Безживотно машко тело било забележано во водите на Охридското Езеро, кај плажата од Извидничкиот центар во грдот, соопшти МВР.
Настанот се случил вчера околу 18.21 часот и бил пријавен во охридската полиција.
Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за лицето М.Ј.(70) од Скопје а смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош.