Регион
Протест пред бугарската влада против преговори со „Гаспром“: „Ова не е Москва“

Со скандирања „Ова не е Москва“ и „Оставка“ почна протестот пред владината зграда во Бугарија поради преговорите на техничката влада за обновување на испораките од Гаспром.
Демонстрациите го блокираа главниот влез на владата, а полициското присуство таму е зголемено.
„Гаспром не е комерцијална компанија. Ова е оружје во рацете на Путин против Украина и демократскиот свет, систем на рекетирање, манипулации, изнудувања, уцени и во никој случај Бугарија не треба да се врати на овој начин на зависност. Има доволно други можности и алтернативи за вистинска диверзификација, кои, сепак, намерно се саботираат од официјалниот кабинет и по три недели протестирање и несогласување, најавуваме деноноќна блокада на централниот влез на Владата“, изјавија организаторите за БНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Костадинов од Бугарија нападнал автомобил мислејќи дека во него е Урсула фон дер Лајен

Во неделата, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, престојуваше во посета на фабриката за оружје во бугарскиот град Сопот, лидерот на националистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, бил снимен како блокира влез на автомобилот за кој демонстрантите верувале дека се наоѓа таа внатре.
Според извештаите, Костадинов, кој претходно повикувал Бугарија да излезе од НАТО, организирал демонстрации со друга националистичка партија пред фабриката „Вазов“, противејќи се на европскиот пат на Бугарија и барајќи заштита на националниот суверенитет.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите со бугарски и руски знамиња го опкружуваат автомобилот, кој потоа почнува да се движи, но е неколку пати удрен со транспарент. Костадинов се расправа со полицијата, додека демонстрантите продолжуваат да го блокираат возилото со повици „нацисти“ и свирежи.
Не е јасно дали претседателката била во автомобилот за време на инцидентот. Костадинов подоцна тврдел дека фон дер Лајен во фабриката во Сопот пристигнала со хеликоптер, а не со автомобил.
Партијата „Преродба“ редовно организира протести против ЕУ и бара Бугарија да излезе од Унијата, а нејзините приврзаници претходно ја вандализирале и делегацијата на ЕУ во Софија, фрлајќи црвена боја и обидувајќи се да запалат врати, пренесе „Б92“.
Претходно беше објавено и дека авионот во кој претседателката на Европската комисија леташе за Бугарија остана без ГСП-навигација и мораше да слета со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување.
Регион
(Видео) Уште еден инцидент: нападнато и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Лидерот на проруската Партија на преродбата, Костадин Костадинов, беше снимен како го блокира влезот на автомобил во фабрика за оружје во бугарскиот град Сопот за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата.
Националистичката партија на преродбата се обиде да ја спречи Фон дер Лајен да влезе во фабриката, напаѓајќи го возилото за кое демонстрантите веруваа дека е нејзино.
На видеото се гледа како Костадинов блокира црн автомобил, тврдејќи дека бугарската полиција, која се обидувала да ги убеди демонстрантите да го пропуштат возилото, „сакала да го прегази“.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, демонстрантите со бугарски и руски знамиња го опкружуваат автомобилот, кој потоа се движи напред, но е неколку пати погоден од еден од транспарентите.
Костадинов може да се види како се расправа со полицијата со свирежи, и извици „нацисти“, додека демонстрантите понатаму го опкружуваат возилото.
Не е јасно дали претседателката на Европската комисија воопшто била во возилото во времето на инцидентот. Костадинов подоцна тврдеше дека стигнала до фабриката во Сопот со хеликоптер, а не со автомобил.
Порано денес беше објавено дека во неделата авионот од Фон дер Лајен кружел со часови и едвај успеал да слета во Бугарија поради, како што се тврди, операција за блокирање на GPS.
Фото: принтскрин
Регион
Грција: Нема воени гаранции за Украина по војната

Грција нема да учествува во обезбедувањето воени безбедносни гаранции за Украина по евентуално примирје, објави министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, според грчките медиуми.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, но немаме намера воено да учествуваме во обезбедувањето безбедносни гаранции“, рече Герапетритис додавајќи дека ставот на Атина се темели на почитување на принципите на меѓународното право. Според него, станува збор за принципиелна позиција на грчката влада во однос на начинот на решавање на украинската криза.
Изјавата на шефот на грчката дипломатија следуваше откога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Европа има јасен план за распоредување трупи на територијата на Украина со цел да се гарантира безбедноста по завршувањето на непријателствата. Таа изјави дека таков договор е постигнат за време на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Фото: принтскрин