Македонија
(Видео) Томовски: Ковачевски во ек на криза дава 400.000 евра за саемска промоција на омилената рејтинг агенција на СДС Рејтинг
„Владата на Димитар Ковачевски, преку генералниот секретаријат во еден ден доделила два тендери во вкупна вредност од близу 400.000 евра на главниот анкетар на антимакедонската СДС, агенцијата РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Никола Спасов, и тоа за осмислување и реализација на активности за учество на државата на 4-дневен Саем на вино, храна и туризам во Белград, и за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино во Македонија“, истакна на денешната прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ .
„Покрај бројните нарачани анкети своевремено агенцијата Рејтинг, била партиско биро за вработување на кадрите на антимакедонската СДС, имено истата анкетната куќа е фирмата од која што доаѓа Мартин Попов, сега шеф на кабинет на премиерот Димитар Ковачевски. Омилената рејтинг агенција на антимакедонската СДС во услови на криза и огромна сиромаштија, кога 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден, од владата на Ковачевски и нивниот поранешен вработен Попов добива близу 400.000 евра. Нерационално и криминално е да се трошат 400.000 евра народни пари во криза и општа сиромаштија, за работи за кои можат да се завршат и од страна на владините агенции, криејќи се зад превезот „промоција на Македонија“ практично плаќаат за партиска промоција во иднина“, вели Томовски.
Нејасно е, додаде тој, што точно агенцијата Рејтинг треба да изработи за владата за саемска промоција за 4 дена, и истото да го наплати 400.000 евра.
„Дали со тие пари де јуре се покриваат само електронските флаери кои што ги видовме на фејсбук страницата на Димитар Ковачевски, а де факто се покриваат нарачаните анкети на партијата во иднина?“, прашува Томовски.
СДС, како што вели, треба да знае дека анкетите во реалност се прават за реални цели, а не за хранење на и тие малку партиски членови, кои ја имаат изгубено довербата во нив.
„Ниедна таканаречена промоција или анкета ќе ги спаси од пораз. Но за парите на граѓаните кои немилосрдно ги трошат во време на криза ќе мора да одговараат“, потенцира Томовски.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Согласно Законот за енергетика и Статутот на Комисијата, тој ќе ја извршува функцијата сè додека не биде донесена одлука за престанок на мандатот.
Од РКЕ информираат дека институцијата ќе продолжи да ги извршува своите надлежности согласно законските обврски. Од Комисијата, вработените и членовите му се заблагодаруваат на Бислимоски за долгогодишната соработка.
Марко Бислимоски го извршуваше својот втор петгодишен мандат како претседател на РКЕ. Првиот мандат му беше од јуни 2018 до јуни 2023 година, а во јули 2023 година повторно беше избран на функцијата.
Македонија
Скопскиот и Полошкиот регион со најмногу одобренија за градење во последниот период – доминира високоградбата
Бројот на одобренијата за градење во декември 2025 година е намален за 17.4 отсто во однос на истиот период од претходната година, соошти Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 988 378 илјади денари, што е за 19.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.
Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 51.
Македонија
Декември со околу 60.000 туристи: најмногу пристигнале од Турција, Бугарија и Србија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември минатата година, во Македонија престојувале 59.521 туристи, кои оствариле вкупно 112.001 ноќевање.
Од вкупниот број туристи, 63,3 се странски, а 36,7 проценти домашни. Кај ноќевањата, странските туристи учествувале со 57,6, а домашните со 42,4 отсто.
Во периодот јануари – декември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0% во однос на истиот период лани. Детално по сегменти: Домашни туристи: намалување за 2,2%, Странски туристи: зголемување за 10,3%.
Кај вкупниот број на ноќевања е забележан раст од 0,8%, при што: Ноќевањата на домашни туристи се намалени за 4,1%. Ноќевањата на странски туристи се зголемени за 6,4%
Најмногу туристи пристигнале од Турција: 7.303, Бугарија: 5.214, Србија: 4.736 и Грција: 3.438.
Премиерот Христијан Мицкоски денес, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека очекува Македонија да ја достигне бројката од пет милиони туристички преноќувања до 2028 или 2029 година, доколку сè се одвива според планот.
Тој рече дека минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, а она коешто посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 отсто. Мицкоски рече дека се ближиме на бројката од три и пол милиона преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок.

