Македонија
Осум починати лица, регистрирани се 222 новозаразени со коронавирус
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 954 тестови, а регистрирани се 222 нови случаи на ковид-19: Скопје – 113, Куманово и Кавадарци – по 14, Битола – 13, Прилеп – 12, Велес – 7, Охрид и Штип – по 6, Струмица, Кочани и Кратово – по 4, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Ресен и Свети Николе – по 2, Струга, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (222), регистрирана е 41 реинфекција.
Регистрирани сe 268 оздравени пациенти од: Скопје – 113, Битола – 32, Гевгелија – 19, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Прилеп – 14, Берово – 7, Велес, Штип и Кочани – по 6, Охрид и Делчево – по 4, Струмица, Ресен и Демир Хисар – по 3, Тетово, Кичево, Радовиш, Крива Паланка , Богданци и Пехчево – по 2, Струга, Кратово и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица, од Скопје (79г) и Кичево (83г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 6 починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 – 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11.08. до 28.08.2022 година.
Направени се 954 тестови: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–80, Жан Митрев (Филип Втори)-12, Авицена-16, Биотек-19, Систина-24, лабораторија Лаор-2, Синлаб-3, Ремедика-13, Плодност-4, Генеа-4, Никоб Лаб-31, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 369.
Досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а бројот на активни случаи изнесува 1.660
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 159978, Активни 775
Куманово 18093, Активни 75
Битола 17764, Активни 135
Прилеп 15379, Активни 75
Тетово 14407, Активни 49
Кавадарци 11976, Активни 55
Велес 10717, Активни 46
Гостивар 10251, Активни 22
Охрид 10244, Активни 89
Струмица 8753, Активни 21
Штип 8698, Активни 30
Кичево 6047, Активни 18
Кочани 5514, Активни 38
Струга 5161, Активни 18
Гевгелија 4845, Активни 18
Неготино 4114, Активни 16
Ресен 3002, Активни 12
Радовиш 2824, Активни 15
Свети Николе 2784, Активни 8
Крива Паланка 2633, Активни 23
Делчево 2159, Активни 47
Берово 1837, Активни 10
Дебар 1811, Активни 9
Валандово 1593, Активни 1
Виница 1478, Активни 10
Пробиштип 1297, Активни 2
Кратово 1101, Активни 8
Богданци 1096, Активни 8
Крушево 1020, Активни 7
Демир Хисар 925, Активни 7
Македонски Брод 793, Активни 6
Демир Капија 628, Активни 2
Македонска Каменица 535, Активни 4
Пехчево 515, Активни 1
Дојран 369, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ФЗО: Породилното може да доцни поради доцнење на пријава или исплата на плати кај работодавачот
Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец, велат од Фондот за здравствено осигурување во врска со изјавите на СДСМ дека исплатата на породилни отсуства доцни 30 дена.
„Надоместот на породилно отсуство е процес поврзан со работодавачот на осигуреничката. Во моментот на исплата на плата од страна на работодавачот, УЈП доставува електронски информации за платените придонеси за соодветниот месец до Фондот, кои се обработуваат и одобруваат од подрачните служби, заедно со надоместоци за друг вид на боледувања, се доставуваат до Дирекцијата на Фондот. Оттука се доставуваат до УЈП за подготовка на МПИН. Потоа пресметаните надоместоци се исплаќаат континуирано. Да потенцираме ФЗО исплаќа бруто надомест, односно пензиски и други придонеси“, се наведува во соопштението.
Од Фондот појаснуваат дека најголем дел од надоместоците се исплаќаат од 10 до 20 во тековниот месец, но има исплати и потоа до крај на месецот.
„Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот. Доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот“, велат од Фондот.
Од таму уверуваат дека буџет за надоместоци има, и доказ за тоа е дека заклучно во месец октомври 2025 година досега се обработени и исплатени 6.268 предмети на породилно отсуство.
За споредба, се наведува во соопштението, во септември 2025 година биле обработени 7.319 предмети и за истиот број на лица е извршена исплата, со вкупен износ од 384 милиони денари.
„Тоа укажува дека дел од пресметките за октомври се уште се во обработка и исплата“, велат од ФЗО.
Македонија
Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври
Денес, во населбата 11 Октомври, во Општина Кисела Вода, беше рушена дивоградба, по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти.
Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар.
„Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе сe залагам за работење исклучиво според право и правда“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, посочувајќи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината.
„За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности ќе биде издадено решение за отстранување. Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес“, рече Стаменкоска – Трајкоска.
Македонија
Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници
Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е откажано.
Судијката Диана Груевска – Илиевска ги немаше сите адреси од оштетените и нивните застапници кои треба да бидат повикани на судење за да се изјаснат за оштетното побарување.
Судијката ги евидентираше сите оштетени и застапници на оштетените кои беа присутни, но кажа дека мора да ја одложи за утре закажаната главна расправа оти ќе треба повеќе време за судот да ги извести оштетените дека треба да дојдат на судење.
Следното рочиште ќе биде на 2 декември, а дотогаш судијката очекува освен завршување на судската достава за оштетените да бидат доставени и интегрираните обвиненија до сите обвинети како што побараа нивните бранители.

