Култура
Луан Мулиќи со „Ерос“ во Чифте амам
На 6 септември 2022 г., во објектот Чифте амам, во 19 ч. ќе биде отворена изложба на скулптури на Луан Мулиќи, професор и член на Косовската академија на науките и уметностите.
Еротската уметност е широко поле во визуелните уметности, вклучително и скулптурата како уметничко дело, но и усната и пишаната култура воопшто. Еросот како тема, мотив или лајтмотив се јавува уште од Епските песни, со фигуративен слој, особено во народните лирски фолклорни песни, кои се познати како љубовни песни од сите краишта. Исто така, експлицитно се појавува и во романтичната литература, кај Де Рада (Песните на Милосао), подоцна кај Чајупи па сé до албанската модерна литература, Кутели и Миѓени, за да во современата литература се прошири во поезија, проза и драма.
Значи, во еротските теми, провокативни од уметнички, но и смели од професионален аспект, не само во една скулптура, туку и во неколку тематски скулптури, авторот се фокусира во истражување на еротиката и вклучува многу скулптури со описи на маж и жена во различни сексуални позиции, интерактивни во различни положби.
Многу уметници експериментирале и вршеле студии со кои сексот го претвориле во научна дисциплина, надминувајќи ги традиционалните предрасуди и табуа.
Оваа изложба доаѓа во време кога ваквите теми околу проблематиката на сексуалното образование недостигаат како наставни предмети во училиштата и следствено, во недостиг на информации за сексуалното образование, зголемени се случаите на несакана бременост кај малолетничките, главно средношколки. Затоа, не ретко, социолозите, психолозите и уметниците го поставуваат прашањето за сексуалното образование. Ова станува итна неопходност во услови кога младите се соочуваат со незнаење (колку и како треба) за управувањето со нивното репродуктивно здравје.
Дали примерок на еротска уметност е нешто срамно или не, зависи од стандардите на јурисдикцијата и на заедницата во која се појавува.
Скулпторот Луан Мулиќи предлага да се користи зборот „еротски“ за да се опишат презентациите и претставите кои се, или барем од некои уметници се сметаат како, имаат значење „како“ сексуална активност.
Дефиницијата на Мулиќи за еротската уметност, е како уметност за сексуална тема која се поврзува особено со емоциите, а не само на сексуалните дејства и описи, кои се естетски оправдани. Сепак, иако неговиот акцент на емоциите е разбирлив од етимолошка гледна точка – терминот „еротски“ е изведен од грчкиот збор „ерос“ што значи љубов или страст.
Сликите во видливите инфилтрации на креативната индивидуалност дефинираат специфичен фигуративен концепт на ставот кон настаните, луѓето, историјата и еротиката сместени сите заедно во длабочините на бесконечниот простор.
Еден друг и посебен начин се тематските и актуелните скулптури на скулпторот Луан Мулиќи, кои се одвиваат во полу-реални структури, каде машко-женската фигура гравира сè, сугерирајќи ни монументална димензија пронајдена дури и во случаи кога делата се со мали димензии. Овие скулптури не се состојат едноставно само во квалитетот на материјалот за да се прикаже индивидуална форма, туку местото каде што се конзервира еротската слика на цивилизацијата која сè уште се чека, а која честопати за да се идентификува го избира патот на уметноста
Скулптурите на Луан Мулиќи истражуваат низа психолошки и емоционални состојби, а некои од неговите скулптури се посветени на истражување на сексуални феномени. Овие еротски скулптури често ги повикуваат гледачите да ги преиспитаат конвенционалните родови улоги и човечките сексуални односи.
Со силни визуелни референции и фокусирање на опипливите аспекти на неговите дела, Мулиќи ја предизвикува перцепцијата на гледачот за еротизацијата, па затоа неговото целокупно творештво го придружува потрагата за по маестрална форма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија
На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда.
На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преосмислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаван низ слобода, импровизација и современ звучен јазик. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор – како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност“, изјави Евгенија Здравевска, позната под својот уметнички псевдоним Зарина Првасевда.
Гостите од Турција, Џенк Еродоган, светски познатиот виртуоз на фретлес гитара и Греми награден уметник како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, беа оправдано отсутни поради доцнење на нивниот лет за Скопје од повеќе од два часа, предизвикано од густата магла над Скопје, изјавија организаторите.
Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Како дипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име. Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.
Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.
„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.
Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.
фото/Кристијан Арсовски
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

