Контакт

Спорт

Челси подготвува сензационална понуда за Нејмар?

Објавено пред

Челси размислува за сензационална понуда за суперѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, во финишот на преодниот рок, во надеж да се засили нападот на „сините“ за новата сезона, тврди „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Пјер-Емерик Обамејанг останува прва цел на новиот газда Тод Бели, а потенцијално решение во нападот може да биде и Вилфрид Заха од Кристал палас. Претходно, се шпекулира дека Кристијано Роналдо е прва цел на Бели, но Томас Тухел бил против овој трансфер.

ПСЖ потроши над 100 милиони евра на Витиња, Нуно Мендеш, Фабијан Руиз, Ренато Санчез и Норди Мукиеле ова лето покрај новиот мегадоговор што му го дадоа на Килијан Мбапе зголемувајќи ги шпекулациите дека во блиска иднина мора да се разделат со Нејмар или Лионел Меси за да не ги прекршат правилата на финансиски ферплеј на УЕФА.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Алкараз го презеде бројот 1 од Синер, Ѓоковиќ се врати на четвртото место

Објавено пред

Карлос Алкараз се врати на првото место на АТП листата, на која од денес Новак Ѓоковиќ е на четвртото место, а Тејлор Фриц назадуваше за две позиции.

dobivaj vesti na viber

Алкараз го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот Јаник Синер, кој моментално е втор играч во светот со 10.000 поени. На синер му беа избришани 1.500 поени освоени минатата сеозна кога го освои Завршниот мастерс.

Математиката е јасна, доколку Алкараз забележи уште две победи на Завршниот мастерс, кој вчера започна во Торино, ќе биде број е на крајот од годината, дури и доколку Синер го освои турнирот без пораз.

Алкараз и Синер се далеку пред конкурентите, имаа 5.000 поени повеќе од Алкесандар Зверев на третото место.

Ѓоковиќ, во саботата победи во Атина на турнирот од серијата 250. Србинот стана најстариот победник на АТП турнир и се искачи на четвртото место. Инаку, Ѓоковиќ, поради повреда го откажа настапот на Завршниот мастерс.

Зад него е Бен Шелтон, кој го бележи најдобриот пласман во кариерата. Две места назадуваше Тејлор Фриц, тој се наоѓа на шестата позиција.

Следуваат Австралиецот Алекс де Минор, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Мусети и Британецот Џек Дрејпер, кој е 10-ти на листата на најдобри играчи во светот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рој Кин го отпиша Ливерпул од борбата за титулата

Објавено пред

Рој Кин го отпиша актуелниот шампион Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, тврди дека тимот на Арне Слот е во криза по тешкиот пораз од 3.0 кај Манчестер Сити.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните“, му го честитаа големиот јубилеј на менаџерот Пеп Гвардиола, со убедлива победа, во која стрелци беа Ерлинг Халанд, Нико Гонзалез и Жереми Доку.

Ливерпул, по овој пораз има осум бода помалку од лидерот Арсенал, ова беше нивниот четврти последователен пораз на гостински терен во лигата, што не им се случило од 2012 година.

„Не можете да го сметате Ливерпул за претендент за титулата. Сити ме потсети на стариот Манчестер Сити. Тие беа извонредни. Се вратија во трката за титулата“, рече Кин во анализата за „Скај Спортс“.

„Ливерпул е во криза. Во ред е да се изгуби од клуб како Манчестер Сити, тоа е тежок натпревар на гостински терен. Но, да се изгубат седум од десет натпревари, со веќе пет порази во лигата, тоа мора да е криза за клуб како Ливерпул. Ливерпул изгледаше како слаб тим.

Тренерот рече дека е задоволен од второто полувреме, кога натпреварот беше решен. Лесно е да се игра добро кога играш за ништо. Сити изгледаше посилен, технички подобар и физички помоќен од Ливерпул. Немаше интензитет и енергија во играта на ливерпул. Замените беа слаби.“

Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона го отпушти Пењароа

Објавено пред

Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига.

Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.

„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.

Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Комисијата за историски прашања е алиби за моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет3 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет4 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа4 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет4 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа5 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа5 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ14 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија19 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија21 час

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија1 ден

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...