Црна хроника
Притвор за крадец од Скопје, фатен на дело при извршување кражба

На 30.8.2022, во 12.45 часот на автобуска постојка на улицата 11 Октомври во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И. С. (55) од Скопје.
Тој бил затекнат при обид да одземе паричник од Р. С. (81) од с. Трново, Кривопаланечко, додека се качувал во градски автобус.
Тој бил приведен во полициска станица и против него била поднесена кривична пријава по брза постапка.
Од страна на судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје му била одредена мерка притвор по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.