Црна хроника
Казни за 230 возачи во Скопје, 68 за брзо возење
На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 230 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 68 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени биле и 10 мерки за некористење сигурносен појас, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени стружани кои со нож и работен алат им се заканувале на роднини
Двајца стружани во одделни случаи биле приведени вчера, бидејќи со нож и работен алат се заканувале на членови на нивните фамилии.
Во првиот случај, приведен е С.К.(42) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.
Во вториот, приведен е Б.Ш.(49), постапувајќи по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Со автомобил удрен пешак во Велес, пренесен во болница
Пешак бил удрен од автомобил синоќа во Велес, пришто се здобил со тешки телесни повреди.
Се работи за 71-годишен велешанец, додека автомобилот го управувало 28-годишно момче од градот.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена синоќа на крстосницата од улиците Алексо Демниевски, Вардарска и Наум Наумовски.
Пешакот е префрлен во општата болница во Велес. Извршен е увид.
Црна хроника
Гостиварци измамиле болно лице да им ја продаде куќата четири пати поевтино, МВР поднесе кривична
Против двајца гостиварци на возраст од 51 и 76 години, МВР поднесе кривичи пријави за измама, соизвршителство и помагање поради доведување во заблуда на лице со одземена деловна способност.
„Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари“, објави МВР во дневниот билтен.