Македонија
СДСМ: Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и за инвестиции во образованието
Новата учебна година за речиси 255.000 основци и средношколци почнува денеска во подобрени услови за одржување на наставниот процес, кои се должат на сериозните вложувања на СДСМ во изминатите пет години во унапредување на образованието, како за зголемување на платите, така и во инфраструктурата, велат од партијата на власт.
„Септемвриската плата за речиси 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници, ќе биде повисока 15 проценти по постигнувањето на договорот меѓу Владата и СОНК. СДСМ се залага достоинствено да се вреднува трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент вработените во основното и средното образование сега ќе имаат плати поголеми за 36 отсто во однос на 2017 година. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Се опремуваат 265 кабинети по природни науки во училиштата во земјата, со што тие добиваат современи кабинети по физика, хемија, биологија и географија“, е нагласено во соопштението.
Додаваат дека се обезбедува поддршка и за учениците.
„Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари. Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2.700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400“, истакнуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

