Црна хроника
Фатен затвореник кој побегнал од „Идризово“, осуден на 10 години затворска казна

Полицијата приведе 27-годишен скопјанец осуден на 10 години и седум месеци затворска казна, кој бил во бегство.
„На 31.8.2022, во 21.35 часот, на улицата Аминта Трети во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А. Р. (27) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа ‘Затвор Идризово’ – Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и 11 месеци, а бил осуден на казна затвор од 10 години и седум месеци за сторени кривични дела по член 236, член 242 и член 288 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со мопед удрил во 13-годишен пешак и побегнал

Синоќа околу 21:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на регионалниот пат с.Лојане-Граничен премин Миратовац, кај с.Лојане, општина Липково, мопед удрил во 13-годишник од с.Лојане, општина Липково по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на мопедот.
Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Маж од Австралија пронајден починат во хотелска соба во Битола

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.