Спорт
Мурињо: Селекторот на Аргентина треба да ми купи неколку шишиња вино
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/703x400.jpg)
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, изјави дека Пауло Дибала ќе биде еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Аргентина на претстојното Светско првенство.
Дибала во летниот преоден рок пристигна во Рома од Јувентус. Тој пред два дена постигна два гола за римскиот клуб во победата од 3:0 против Монца.
„Мислам дека ова е најава за она што ќе биде на Светското првенство во Катар. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, треба да ми испрати неколку шишиња вино бидејќи ќе има фантастичен фудбалер на располагање“, додаде Мурињо.
Италијанските медиуми потсетуваат дека Дибала со добри настапи во дресот на Рома сака да се избори за место во почетниот состав на селекцијата на Аргентина на мундијалот.
За „гаучосите“ има одиграно 34 натпревари, три пати бил стрелец.
СП ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, а Аргентина ќе биде во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Пикси: Не бевме вреќа за удирање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326792.jpg)
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Дрган Стојковиќ Пикси, во првата изјава рече дека елиминацијата од ЕП не е неуспех.
„Жал ми е што не го направивме тој чекор понатаму. Исклучително сум горд на момците. Се бореа, дадоа се од себе, но така е во фудбалот“, започна Пикси и потоа го коментираше мечот со Данска.
„Тежок натпревар, 50-50 во сите параметри. Направивме се за да одием понатаму. Не се резилевме, никој не не победи со 5:0 па ни се смеат и да не навредуваат. Не заслуживме да загубиме од Англичаните. Другите два натпревари беа тешки, тактички и резултатски. Знаев дека вечерва нема да имаме шанси, кави што имавме против Словенија. Вечерва не постигнавме гол. Одиме понатаму со кренати глави. Момците ги заслужуваат сите честитки за нивниот напор’, рече Пикси со напомена дека еден гол решил кој ќе оди во нокаут фазата.
Спорт
Српските фудбалери со концерт од свирежи испратени од стадионот во Минхен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12327019.jpg)
Фудбалската репрезентација на Србија го заврши настапот на Европското првенство. Во конкуренција на Англија, Данска и Словенија, Србите освоија два бода и завршија на последното место во групата.
Во последното коло, на Србите им требаш победа над Данска, но не успеаја. На крајот од натпреварот со концерт од свирежи беа испратени од околу 30.000 свои навивачи на стадионот во Минхен.
Репрезентативците на Србија по завршувањето на натпреварот сакаа да им се заблагодарат на повеќе од 30.000 српски навивачи кои ги бодреа, но добија свирежи, навреди, а во еден момент навивачите фрлаа пластични чаши кон нив.
Спорт
Ц групата го изедначи негативниот рекорд на ЕП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12326963.jpg)
На шест натпревари во групата Ц, во која партиципираа Србија, Англија, Словенија и Данска, беа постигнати само седум гола, што на ЕП се случило само уште еднаш од воведувањето на групната фаза (1980).
Во првото коло Англија ја победи Србија (1:0), а Данска и Словенија ремизираа (1:1). Во второто Словенија и Србија, односно Данска и Англија одиграа 1:1. Последното трето коло во оваа група донсе два натпревари (Србија-Данска и Словенија-Англија) без голови.
Претходно, во 2016 година беа постигнати седум гола. Интересно и тогаш во прашање беше Ц групата. На ЕУРо 2016 во Франција во групата играа Германија, Полска, Северна Ирска и Украина.