Македонија
(Видео) Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ е против даночната политика на СДСМ за високи даноци за народот
„Само што заврши дебатата во министерството за финансии околу даночната реформа. Ние како конструктивна опозиција учествуваме, и морам да заклучам дека повторно неспособноста на Владата предводена од СДСМ и ДУИ покажа уште еднаш дека целиот терет го става на граѓаните и стопанството и комплетно со оваа даночна реформа ќе се зголемуваат давачките кои што граѓаните и стопанството ги имаат кон државата. И тоа во најлош момент во земјава кога имаме и енергетска криза, кога гледаме дека граѓаните секојдневно добиваат повисоки сметки и за парно и за струја, а стопанството е пред колапс“ информираше Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, „ЕСМ воопшто ниту успеа да се справи со енергетската криза, а и владата исто така. И како резултат на тоа компаниите се истрошени, тие се веќе во голема криза, а не на почеток на криза и ова сега само дополнително ќе направи проблем и притисок врз целокупното стопанство и како што спомнав и врз граѓаните“.
„Жално е што власта комплетно се фокусира на промена на приходната страна и зголемување на даночната основа, па и воведување да кажам на некои нови даноци, а од друга страна гледаме значи ситуација на повторно ненормално трошење, односно злоупотреба на буџетската каса на расходната страна, а во исто време не гледаме ниту мал напор за справување со сивата економија. Не е чесно во исто време некои фирми и граѓаните да плаќаат данок, а други да не плаќаат. Не е чесно на една страна да гледаме како граѓаните редовно си ги сервисираат своите обврски плаќаат данок на имот, а имаме и општини каде што речиси и не се плаќа данокот на имот. Имаме општини и места, и делови од град каде што имаме фискални каси и се даваат фискални сметки, а делови од град или цели општини каде што не се знае ниту за фискална каса, ниту за фискална сметка“ порача Димитриеска Кочоска.
Напомена дека „ВМРО-ДПМНЕ е против оваа даночна реформа, ВМРО-ДПМНЕ е повторно за она што цело време го протежираме а тоа се ниски и рамни даноци“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани
Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија.
Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко почестена од можноста да ја претставува својата земја. Таа наведува дека уште на почетокот на мандатот изразила силна вера во македонските граѓани и дека таа вера со текот на времето била потврдена и зајакната.
Во писмото, амбасадорката посочи дека во одредени сегменти е постигнат напредок, а во други останува уште работа.
Агелер потсетува дека 2025 година ја одбележала 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија и наведува дека заедничката работа донела конкретни резултати во области како економски раст, енергетска независност, судска реформа, инфраструктура, образование, културна заштита и евроатлантска интеграција.
Агелер посебно ја нагласува личната димензија на мандатот, наведувајќи дека низ земјата била примена во училишта, цркви, судници и домови, и дека со граѓаните водела отворени и искрени разговори, дури и кога постоеле несогласувања.
„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции и култури; нејзините противречности и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе наспроти големите предизвици и длабоките загуби. Сето тоа го споделивте со мене, и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата љубезност, за вашата несебична дарежливост и за силата за која знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ќе се најде на вашиот пат“, порача.
Во завршната порака, амбасадорката нагласува дека САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија и ја повторува својата верба во визијата за посилна, побезбедна и попросперитетна земја, целосно интегрирана како евроатлантски партнер и сојузник.
Македонија
Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег
Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта.
Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе достигнат од 6 до 10 °C.
За главниот град се предвидува променливо облачно со сончеви периоди и можност за магла претпладне. Температурите во Скопје ќе варираат од -1 °C минимална до 7 °C максимална.
Во наредните денови, до сабота времето ќе остане променливо облачно со пораст на дневните температури и појава на магла по одделни котлини. Забележителна промена се очекува од сабота кон крајот на денот, кога ќе започнат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Неделата врнежите ќе се интензивираат, особено во попладневните и ноќните часови. Во тој период се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во понеделник.
Македонија
(Видео) Филипче: Искрено верувам во ова што го правам, сакам да бидеме европско општество без корупција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција.
„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

