Контакт

Економија

Шпаркасе банка преку платформата Sparkasse Life ги поддржа најмалите банкари на првиот училиштен ден

Објавено пред

На 1 септември – првиот училиштен ден – Шпаркасе банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност и грижа за вработените, а во рамките на платформата Sparkasse Life, им пружи поддршка на своите вработени, родители на првачиња, како и на нивните дечиња што денес за првпат ќе седнат во училишните клупи со многу емоции и радост.

dobivaj vesti na viber

За сите вработени од Шпаркасе банка кои се родители на првачиња, обезбеден е слободен ден, односно право на платено отсуство од еден работен ден за првиот училиштен ден на своето дете, со цел вработените максимално да го искористат денот и да ги испратат своите деца првачиња на првиот училиштен час.

Дополнително, на сите деца на вработени од Банката кои се првачиња оваа учебна 2022/2023 година, како подарок ќе им бидат отворени депозити од типот Детско штедење, на кои Банката ќе депонира симболичен износ. На овој начин, Шпаркасе банка сака да го поддржи патот кон напредокот на своите најмали банкари, но и да го даде својот придонес во стекнување добри финансиски навики за штедење уште од најмали нозе за овие дечиња, кои се иднината на нашата земја.

„Ја вреднуваме емотивната страна на работата и се трудиме да развиеме силен тимски дух, однос на доверба и пријателство, бидејќи веруваме дека тоа е она што ги прави луѓето посветени. Во нашата корпоративна политика многу значајно место заземаат настани и активности наменети за добросостојбата на вработените, како овој слободен ден кој е платен и кој му следува на секој родител на прваче, а преку симболичните подароци сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме нашите најмали банкари уште од првиот училиштен ден да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и со ентузијазам да почнат да чекорат по едукативниот пат. Наша цел е корпоративна култура со вредности во кои сите ќе веруваат и ќе ги живеат секојдневно и навистина сме среќни што во голема мера тоа и го постигнуваме“, изјави Билјана Санев, директорка на Дирекцијата за човечки ресурси во Шпаркасе Банка.

Под платформата Sparkasse Life, но и во рамките на пошироката регионална кампања „Верувај во себе“, Шпаркасе банка се труди силно да ја пренесе пораката до сите да веруваат во себе и да се надградуваат и да ја движат заедницата напред. Токму затоа, преку платформата Шпаркасе Life во која се содржани сегменти од различни области на живеењето, Банката пружа долгорочно партнерство и силна поддршка на целокупната заедница во која дејствува.

Шпаркасе Банка ги охрабрува сите да бидат мотивирани и секогаш да трагаат по нешто подобро за себе, да бараат додадена вредност и квалитетна услуга и секогаш мудро да ги одбираат следните чекори. Да веруваат во себе зашто имаат банка што верува во нив.

ПР

Економија

Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите што ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

Објавено пред

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.

„Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите“, рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.

Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци.

Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.

Прикажи повеќе...

Економија

BLACK FRIDAY ВО АНХОЧ – Реални попусти до 70% од 28 ноември до 2 декември 2024 година

Објавено пред

Оваа година ни даваат многу причини да ги посетиме, особено со примамливите до 70% РЕАЛНИ ПОПУСТИ! Треба само еден краток поглед за да го приметите огромниот избор на десктопи, лаптопи, аудио и видео опрема, смарт уреди и генерално сè што може да замислите од IT опрема.

dobivaj vesti na viber

Изгледа на идеален период да се почастиме со она што вистински ни треба или што едноставно ни причинува задоволство 🙂

 

Од 28 ноември до 02 декември – Black Friday во Анхоч!

Понуда која најверојатно нема да сакате да ја пропуштите

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Објавено пред

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите во последните 34 години, вели Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ниските плати, според него, се главна причина што работниците заминуваат од Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Тоа што денес работниците поради ниските плати заминуваат да работат во некои други држави, да градат некои други економии, мислам дека треба да биде најголемиот пораз за овие газди што ја злоупотребуваа работната сила. За потсетување, толку колку што сме продуктивни, им створивме огромен капитал, огромни богатства. Ги украдоа компаниите во минатото, ги задржаа за себе и токму тоа е причината да зборуваме 34 години од независноста на Македонија повторно за недостиг на работна сила. Ако вие ги плаќате мизерно, тогаш тие имаат пари само за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија“, вели Трендафилов.

За него, многу загрижувачки е обидот на претходната влада за увезување работници, кои газдите ќе ги плаќаат помалку од домашните.

„Македонија стана една туристичка агенција, која ги носеше работниците од Непал, од Индија, од Пакистан, од Бангладеш и потоа од тука заминуваа во некоја од земјите во Европската Унија, каде што, се разбира, заработуваат подобро отколку во Македонија“, рече Трендафилов.

На седница на Економско-социјалниот совет во декември ќе се разговара за покачување на минималната плата што ССМ уште во мај годинава побара да биде 450 евра. Трендафилов сега вели дека ќе настојуваат преку бројки на Владата да покажат дека за државата нема да биде голема оптоварување доколку се зголеми минималната плата.

„Денеска, во Македонија, според последните податоци, 25.000 работници примаат плата во висина на минималната, а 10.000 работници земаат плата од 1 денар до 22.000 денари. Она што е поразително е што сите овие работници примаат плата во плик за која не се плаќаат придонеси од задолжителното социјално осигурување и 250 милиони евра на годишно ниво ја чини државата во однос на неплатените придонеси во Фондот. Ги очекуваме последните податоци од Управата за јавни приходи за тоа колку работници во државата примаат минимална плата од 22.567 денари до 27.000 денари или пет илјади денари зголемување на минималната плата што го бараше ССМ. Сакаме да ѝ покажеме на државата, впрочем, дека во јавниот сектор многу мал број работници примаат минимална плата и за многу мал број работници ќе биде оптоварен буџетот. А газдите во приватниот сектор не треба никој да ги жали, најмалку ние, Синдикатот“, вели Трендафилов.

Министерот за економија, пак, Бесар Дурмиши, денес рече дека доколку се прашува тој, минималната плата треба да биде 600 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија5 часа

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија8 часа

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија9 часа

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа10 часа

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија11 часа

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје11 часа

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија11 часа

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа13 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа13 часа

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа14 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет14 часа

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија23 часа

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија1 ден

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија1 ден

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија1 ден

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија1 ден

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија1 ден

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија2 дена

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа2 дена

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...