Свет
Момче е пронајдено мртво во соба, мајката вели дека е жртва на смртоносен предизвик од социјалните мрежи

Лорин Китинг (30) од Шкотска минатата недела го пронашла телото на својот син тинејџер во неговата спална соба. Таа тврди дека учествувал во т.н. предизвик за затемнување.
Во истиот предизвик учествувал и Арчи Батерсби, кој се здобил со фатална повреда на мозокот од која подоцна починал.
Имено, во овој предизвик учесниците не дишат додека не се онесвестат, што може да доведе до ниско ниво на кислород во мозокот предизвикувајќи напади, сериозни повреди и смрт.
Scots teen found dead in bedroom after taking part in viral 'Blackout Challenge' https://t.co/sZGRePpDIH
— LaurynKeating (@LaurynKeating3) September 1, 2022
Лорин Китинг затоа издаде предупредување до другите семејства.
„Еден од пријателите на Леон ми кажа дека учествувал во тој предизвик на FaceTime, откако го видел на Тик-ток. Леон сакаше да биде првиот што ќе го проба. Тој и неговите пријатели мислеле дека тоа е смешно и забавно. Мислеа дека ќе се разбуди, но Леон не се врати. Сè тргна наопаку“ – рече Лорин.
Please retweet this far and wide. These Tiktok challenges should be banned and hopefully retweeting this and sharing my story can save at least 1 other child’s life???? #Leonforever14 https://t.co/CxU1Kdxc7E
— LaurynKeating (@LaurynKeating3) September 1, 2022
„Ве молиме предупредете ги, овие онлајн предизвици не вредат за нивниот живот. Не вредат ниту лајкови, ниту за што го прават тоа“ – истакнала очајната мајка.
Смртта на Леон дојде неколку недели по смртта на Арчи Батерсби, кој исто така беше пронајден од неговата мајка. Арчи се здобил со повреда на мозокот поради која бил ставен на апарати за одржување во живот, од која бил изваден на почетокот на август.
Мајката на Арчи, Холи Денс, претходно изјави дека дури 82 лица се сомневаат дека починале како резултат на учеството во предизвикот и дека многу повеќе деца се повредени во 14-те години колку што постои предизвикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.
Свет
Израел испрати предупредување за евакуација

Израел започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку осум лица во Израел, третиот ден од невидена воена ескалација меѓу двете непријателски земји.
Иранскиот министер за надворешни работи се обрати до јавноста. Абас Арагчи рече дека одговорот на Иран на израелските напади бил чин на самоодбрана.
Тој додаде дека израелските напади, кои беа извршени први, не би биле можни без одобрение од САД. Вашингтон, рече тој, треба да ги осуди израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран, додавајќи дека разговорите со САД можеле да доведат до договор.
Но, Израел, тврди тој, сакал да ги саботира тие преговори, кои САД ги сметале за клучни за ограничување на нуклеарната програма на Иран. Тој, исто така, изјави дека Иран не сака да ја прошири војната, освен ако не е принуден да го стори тоа.
Портпаролот на израелската војска издаде предупредување за евакуација до сите ирански граѓани во близина на воени објекти. Авичај Адрае објави „итно предупредување до сите ирански граѓани“ на социјалните мрежи.
„Сите лица што моментално или наскоро ќе се наоѓаат во или околу објектите за производство на воено оружје и сродните институции мора веднаш да ги напуштат тие области и да не се враќаат додека не се издаде понатамошно известување“, напиша тој.