Спорт
Жан Тод двапати месечно оди во посета кај Шумахер, заедно гледаат Ф1-трки
Жан Тод, поранешниот шеф на Ферари, еден од ретките луѓе што може да го посетат Михаел Шумахер, даде интервју за германските медиуми. Тој уште еднаш потврди дека двапати месечно оди во посета кај легендарниот возач.
Седумкратниот Формула 1-шампион, Михаел Шумахер, сè уште е во тешка состојба, но еден од неговите најблиски соработници тврди дека е во најдобри раце. За време на новото интервју за германските медиуми, поранешниот директор на Ферари, Жан Тод, истакна дека поранешниот возач е опкружен со луѓе што го сакаат.
За потсетување, Шумахер на 29 декември 2013 година имаше тешка несреќа на скијање, девет месеци мина во болница во Франција, а потоа е префрлен на домашно лекување.
Оттогаш, неговата сопруга Корина, која стана глава на семејството, ги чува во тајност деталите за неговото здравје, а само повремено излегуваат детали за вистинската состојба на Михаел.
Кругот на луѓе што имаат пристап до Шумахер е многу мал, а Жан Тод двапати месечно оди да го посети легендарниот возач. Заедно повремено ги следат трките во Формула 1, каде што денес се натпреварува Мик Шумахер.
„Среќен сум што навивачите, не само во Германија, мислат толку многу за него. Луѓето прашуваат многу за Михаел. Навивачите треба да знаат дека тој е во најдобри раце, опкружен со луѓе што го сакаат“, рече Тод.
За разлика од поранешниот директор на Ферари и еден од најблиските соработници на Шумахер за време на неговата тркачка кариера, други луѓе немаат пристап до домот на Шумахер.
Неодамна за тоа проговори Еди Џордан, поранешниот сопственик на тим во Формула 1.
„Корина во еден момент беше во врска со мојот возач Хајнц-Харалд Френцен. Таа го остави и подоцна се омажи за Михаел. Бидејќи ја познавам, ѝ се јавив и ја прашав дали можам да дојдам да го видам Шумахер. Одоговорот беше – не. Таа ми рече дека никој не може да го види, освен најблиските членови на семејството“, изјави пред неколку дена легендарниот ирски возач Еди Џордан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул на „мускули“ победи во Нотингем
Фудбалерите на Ливерпул славеа како гости против Нотингем Форест (1:0), во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата.
Херој беше Алексис Мекалистер, во седмата минута од судиското продолжение, откако најдобро се снајде на одбиената топка по ударот на Вирџил ван Дајк.
„Црвените“ беа блиску до победа претходно, но бизарниот гол на Алексис Мекалистер во 89-та минута беше поништен по интервенцијата на ВАР.
Актуелниот шампион не личеше на себе, особено не во првото полувреме, но на крајот сепак успеа да ги освои важните три бода.
Тимот од „Енфилд“ останува шести на табелата со 45 бода, додека Форест е 17-ти со 27 бода.
Во истиот термин, Кристал Палас победи против Вулверхемптон (1:0), искористувајќи го самоуништувањето на „волците“.
Емануел Арокадаре промаши пенал во 43-та минута, додека Ладислав Крејчи доби два жолти картони во рок од три минути. Во 90-та минута, Иван Гесанд ја донесе победата на домашниот тим.
Исто така, Фулам беше подобар од Сандерленд на гостински терен (3:1). Раул Хименез постигна гол во 54-та и 61-та од пенал, додека Алекс Ивоби беше прецизен во 85-та минута. Единствениот гол за домашниот тим го постигна Енцо ле Фе во 76-та од пенал.
Спорт
САД со „златен гол“ до првото злато по 1980 година во хокеј на мраз
Спуштена е завесата на Олимпискиот турнир во хокеј на мраз во Милано, каде што најдобрите играчи од НХЛ шампионатот можеа да играат за прв пат од 2014 година. Во финалето репрезентацијата на САД ја победи Канада по голема драма и продолженија со резултат 2:1 (1:0, 0:1, 0:0 – 1:0).
Ова е само третата олимписка титула за Американците, која ја чекаат уште од Олимписките игри во 1980 година на нивниот домашен мраз во Лејк Плесид, каде што се случи познатото „Чудо на мразот“ и победата над Советскиот Сојуз.
Американките поведоа рано, по минути откако беше исфрлен пакот, Метју Болди ги доведе САД во водство, додека Остон Метјуз и Квин Хјуз добија асистенции.
Американците преживеаа ситуација пет на три – мораа да играат со тројца (без голман) 93 секунди. Џејк Генцел и Чарли Мекавој беа суспендирани по две минути на 29:27 и 29:55.
Втората третина мина во апсолутна доминација на Канаѓаните, а откако пропуштија неколку добри шанси, Кејл Макар успеа да го матира Хелебак.
Американците, во третата третина добија голема шанса да го решат победникот, бидејќи Сем Бенет доби двојно исклучување (четири минути), кое подоцна се претвори во четири на четири бидејќи Џек Хјуз исто така беше испратен на ладење.
Регуларните 60 минути завршија 1:1, а одлуката падна во продолжението, по само 101 секунда, 24-годишниот Хјуз го постигна „златниот гол“ по минута и 41 секунда,носејќи им го на САД првото олимписко злато по 46 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Аталанта го победи Наполи
Фудбалерите на Аталанта го победија Наполи со резултат од 2:1 (0:1) во малото дерби од 26-то коло на италијанската Серија А.
Херој на победата на „Ла Деа“ беше српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ, кој постигна гол во 81-та минута за пресврт на својот тим. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, го одира целиот натпревар за Наполи.
Наполи победи четири пати по ред во Бергамо и направи добар чекор кон петти триумф по ред кога Беукема ги доведе гостите во водство во 18-та минута.
Имаше многу контроверзни ситуации, особено на штета на Наполитанците, прво кога беше поништен пеналот против Расмус Хојлунд, а потоа и на почетокот на второто полувреме кога (уште поочигледниот) пенал не беше досуден против истиот играч.
Кога тоа не се случи, Аталанта успеа да направи пресврт, прво израмнувајќи го резултатот во 61-та минута со голот на Марио Пашалиќ.
По Хрватот, на ред беше Србинот да ја погоди мрежата на Наполи, а Самарџиќ го направи тоа на многу ефектен начин.
Аталанта сега го дели шестото место со Комо со 45 бода. Наполи, на третото место, има само пет бода повеќе, што доволно зборува за тоа колку ќе биде интересна борбата за местата во Лигата на шампионите.
Foto/ EPA

