Свет
Берлускони отвори „Тик-ток“ и кажа шега за себе, за Путин и за Бајден, прегледана е над 2 милиона пати
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е новата ѕвезда на „Тик-ток“, а неговото прво видео беше прегледано повеќе од 5 милиони пати неколку часа по објавувањето.
Во друго видео, кое собра повеќе од 2,4 милиона прегледи, поранешниот италијански премиер раскажува шега за себе, за претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, и за папата, јавуваат италијанските медиуми.
@silvio.berlusconi Salve ragazzi, ci siamo incontrati per la prima volta su #TikTok, che per quanto mi riguarda avrei preferito chiamare Tik Tok Tak. Cosi è più completo! Vi ho detto che vi avrei intrattenuti su argomenti che possono riguardarvi da vicino. Ma ho pensato anche che per mantenere i rapporti con gli altri bisogna tendere alla massima cordialità. Uno degli strumenti per arrivare a farlo sono le #barzellette, perchè sono terapeutiche. Poi penseremo a parlare di programmi. Tik Tok Tak! #silvioberlusconi #berlusconi #forzaitlia???????? ♬ suono originale – Silvio Berlusconi
Во него политичари, папата и млад папски помошник летаа со авион над Атлантикот. Во еден момент излегува дека поради вонредна ситуација, авионот ќе се урне за пет минути, а во него има само четири падобрани, но има пет патници.
„Џо Бајден го зема првиот и вели: ‘Ова е за мене бидејќи јас сум најмоќниот човек на Западот“. Владимир Путин зема друг и вели: ‘Ова е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Истокот’. Следен излегува Силвио Берлускони и вели: ‘Ова е за мене бидејќи сите знаат дека јас сум најпаметниот политичар на светот’“, вели поранешниот премиер на Италија во видеото.
По тоа, младиот асистент му го дава преостанатиот падобран на папата, но папата го отфрла и вели дека тој е веќе стар и имал долг и среќен живот.
Сепак, Берлускони продолжува во својата шега, асистентот забележува дека останале два падобрана бидејќи „најпаметниот политичар“, наместо падобран, му го зел ранецот.
Со ова заврши шегата на Берлускони, која беше прегледана повеќе од два милиона пати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

