Спорт
Батшуаи во Фенербахче
Белгискиот фудбалер Миши Батшуаи кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче, соопшти турскиот клуб.
Поранешниот напаѓач на Челси минатата сезона му беше позајмен на Бешикташ.
Во својата досегашна кариера 28-годишниот играч играше за Стандард Лиеж и Марсеј пред да се пресели во Челси во 2016 година.
За време на договорот со лондонскиот клуб, петпати беше позајмуван во други клубови: Борусија Дортмунд, Валенсија, двапати во Кристал Палас и Бешикташ, каде што минатата сезона постигна 14 гола.
Белгискиот интернационалец требаше да премине во Нотингем Форест, но трансферот пропадна во последните минути од преодниот рок бидејќи Челси не ја достави документацијата навреме во летниот преоден рок, па трансферот не беше завршен навреме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Жота за триумф на Ливерпул на Селхурст Парк
Фудбалерите на Ливерпул со победа над Кристал Палас го отворија седмото коло во Премиер лигата. Ливерпул со 1:0 го порази домаќинот и ја забележа шестата победа во сезоната. Ливерпул е лидер на табелата и тука ќе остане и по комплетирањето на седмата рунда.
Не им беше лесно на „црвените“ на Селхурст Парк пред 25.000 глоедачи. Мечот го реши раниот гол на Диого Жота во деветтата минута.
Жота го постигна 60-ти гол во дресот на Ливерпул на јубилејниот 100-ти натпревар во дресот на клубот од „Енфилд“.
Португалецот можеше да постигне уште некој гол но не беше прецизен во 35. и 62. минута.
Шанса имаше и Салах во 57. минута но Дин Хендерсон одлично одбрани, а шанси за домашниот тим пропуштија Исмаил Сар во судиското надополнување и Еберечи Езе во 84. минута.
Голманот на Ливерпул, Алисон се повреди во 77. минута, па до крајот на мечот на голот на гостите беше Чехот Витеслав Јарош.
First goal of Liverpool Vs Crystal place (0:1) D.Jota ⚽️ pic.twitter.com/qwtJccpNSM
— Jadkar (@JadkarFootball) October 5, 2024
Спорт
Фенербахче експресно најде замена за Вилбекин
Американскиот кошаркар Сабен Ли стана нов член на Фенербахче.
Скоти Вилбекин, синоќа ги скина предните вкрстени лигаменти на првиот натпревар од новата сезона во Евролигата кога Фенербахче пред своите навивачи го победи Олимпијакос со 82:71.
Како што пренесуваат Арис Баркас и порталот „Јурохупс“, челниците на Фенербахче веднаш стапиле во контакт со колегите од Маниса и го договориле трансферот на Сејбен Ли.
Поранешниот НБА играч на Детроит, Филаделфија и Феникс блесна на првиот натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА во дресот на Маниса и забележа 36 поени и по шест скока и асистенции во победата над Мурсија 103:97.
Ли е поранешен судент на универзитетот Вандербилт. Инаку, неговиот братучед Трент Форест моментално е член на Басконија.
Спорт
Ѓоковиќ спаси две сет топки, во два тај-брејка го победи Микелсон
Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата победи на стартот на Мастерсот во Шангај. Српскиот тенисер во два тај-брејка го победи 43. играч на АТП листата, Американецот Алекс Микелсон.
Новак Ѓоковиќ по пет години пауза се врати на Мастерсот во Шангај, беше пречекан со овации од публиката, но малдиот Микелсон не беше импресиониран, ниту од величината на противникот, ниту од атмосферата.
Двата сета имаа ист тек, во првиот Микелсон во раната фаза направи брејк, водеше со 3:0, Ѓоковиќ успеа да се врати, а во тај-брејкот пресуди неговото искуство.
Во вториот, Ѓоковиќ прв стигна до брејк и кога се очекуваше рутински да го заврши мечот, му дозволи на Микелсон да се врати. Тај-брејкот беше драматичен Ѓоковиќ спаси две сет топки, а ја искорсити својата трета меч топка за триумф.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Вавринка или Коболи.