Спорт
Германија ќе им плати 28 милиони евра на семејствата на олимпијците убиени во Минхен во 1972 година
Германската влада потврди дека семејствата на 11 израелски спортисти убиени од палестинските напаѓачи на Олимпијадата во Минхен во 1972 година ќе добијат отштета од 28 милиони евра.
Израелскиот претседател Исак Херцог ќе му се придружи на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер в понеделник на комеморацијата на жртвите од нападот.
Благодарение на тој договор, постигнат во последен момент, на комеморацијата ќе присуствуваат 70-ина роднини на жртвите, изјави за францускиот печат Анки Спицер, чиј сопруг Андре Спицер беше убиен во нападот.
Израелскиот олимписки комитет посебно го потврди присуството на делегацијата од Израел.
До неодамна долго планираната комеморација се закануваше да се претвори во фијаско поради спорот меѓу роднините и германската држава за финансискиот надомест за страдањата на семејствата на жртвите.
Во средата, сепак, беше објавено „историско разјаснување, признавање и компензација“ бидејќи Германија понуди 28 милиони долари како компензација, шест пати повеќе од првично предвидените.
Со договор Германија ги признава својата „одговорност и ужасните страдања на убиените и нивните роднини“, се вели во соопштението на Штајнмаер и Херцог додавајќи дека не може да се залечат сите рани.
Ожалените семејства исто така се надеваат дека на комеморацијата во воздухопловната база „Фуерстенфелдбрук“, западно од Минхен, каде што земањето заложници дојде до трагичен крај, Штајнмер ќе стане првиот германски претседател кој јавно ќе ја преземе одговорноста за неуспесите што доведоа до масакрот.
Одржана три децении по холокаустот, Олимпијадата во Минхен требаше да покаже нова Германија, а наместо тоа, се создаде длабок јаз во односите со Израел.
На 5 септември 1972 година осум вооружени члена на палестинската екстремистичка организација „Црн септември“ упаднаа во станот на израелскиот тим во Олимпиското село, убија двајца, а потоа зедоа девет заложници.
Поранешниот германски ракометар Клаус Лангхоф видел што се случува од балконот спроти станот во кој се наоѓал израелскиот тим.
Тој ги опиша ужасните моменти кога напаѓачите го извадиле безживотното тело на тренерот за борење Моше Вајнберг и го оставиле на улица. Западногерманската полиција не успеа да ги спаси заложниците.
Тие беа убиени во размена на оган. Убиени се и пет напаѓачи и еден полицаец.
Тогашниот канцелар на Германија, Вили Брант, целата серија настани ја означи како „шокантни докази за германската неспособност“ и формира тим командоси во рок од еден месец.
Меѓутоа, само неколку недели подоцна тројцата напаѓачи, кои беа фатени, беа ослободени во замена кога терористите киднапираа авион на „Луфтханза“ во октомври 1972 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Да имаше Бог во фудбалот… Папата ќе беше тренер, а Ватикан светски шампион“
Режисерот на историската европска титула на Португалија, со интересна изјава откри што мисли за улогата на верата во спортот.
Летото во 2016 година, Фернандо Сантос и неговите избраници ѝ ја донесоа на Португалија историската прва титула на ЕУРО. Со голот на Едер во продолжението предизвика ја победија Франција со 1:0.
За титулата, 71-годишникот не им припишува никаква заслуга на повисоките сили.
„Да беше така, Ватикан секогаш ќе беше шампион. Ќе стававме свештеници да играат, Папата ќе беше тренер, а тие секогаш ќе беа шампиони! Бог ми помогна многу, но тоа беше на емоционално ниво. Ми даде мир, спокојство и никогаш не ме напушти. Сепак, тој не се грижи за тактички работи“, рече искусниот стручњак со насмевка, за португалски „Рекорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.

