Свет
(Видео) Жени во Саудиска Арабија биле претепани поради штрајк со глад

На интернет кружат видеа од Саудиска Арабија на кои се гледа како мажи брутално тепаат млади жени. Поради лошите услови во тамошниот дом за деца без родители, тие штрајкувале со глад, кога биле нападнати од обезбедување, а потоа и од мажи во цивилна облека, пренесуваат медиумите во регионот.
Видеата ги објавиле групи за заштита на човековите права, а на нив, како што е наведено, се гледа маж кој и врзува лисици на една млада жена, додека другите мажи ја влечат за коса и ја влечат за раце, пренесува 24 часа.хр.
Videos of violence against women in Saudi Arabia is common. The same Saudi Arabia that enjoys Chairman of Human Rights Commission position under UN. pic.twitter.com/nnYm3PIS9n
— The Poll Lady (@ThePollLady) September 1, 2022
Поради вниманието што го привлекло видеото, Владата на Саудиска Арабија наредила истрага, а владетелот на регионот каде што се случил инцидентот, Турки бин Талал, наредил сите страни да бидат вклучени во истрагата.
Иако владетелот на ова нафтено кралство Мохамед бин Салман најави воведување промени, сепак во земјата владеат строги шеријатски закони, пишуваат агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.