Македонија
МОН: Доделени сертификатите на втората генерација учесници на обука за преведувачи и за лектори
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на почетокот од оваа недела оствари средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села.
Министерството за образование и наука како сојузник на институциите кои вложуваат во младите, го поздрави основањето на Агенцијата во чии рамки се одржуваат обуки за преведувачи и лектори од македонски на албански и од албански на македонски јазик.
Во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа завршна церемонија на доделување сертификати на втората генерација учесници што посетуваа обука за превод и за лектура од македонски на албански и од албански на македонски јазик.
Гости на настанот беа членови на извршната власт, претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои шефот на Мисијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Сојузна Република Германија Ото Граф, раководители на јавни институции, членови на академската заедница, претставници на граѓанскиот сектор и медиумите.
„Основањето на агенцијата за нас беше добра вест за големо културно постигнување на Албанците и албанските политички сили кои дејствуваат овде и имаат дивергенции во други проблеми а во јазикот немаат дивергенции, јазикот ги обединува припадниците на една нација, општеството и е средство за комуникација и е средство за национална гордост, истакна професор Емил Лафе.
Обуката опфати 72 учесника од 43 јавни институции што вршат работни задачи на превод и лектура на службените јазици. Наставниот дел од обуката го спроведуваа еминентни предавачи, универзитетски професори и лингвисти од нашата држава, од Република Албанија и од Република Косово кои конципираа соодветни предавања од одделни јазични области.
Воедно корисна алатка во спроведувањето на обуката беше и изготвениот Прирачник за обука чие печатење беше финансиски помогнато од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, велат од МОН.
Министерството за образование и наука известува дека од оваа година се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно. Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на Министерството за образование и наука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица
„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски, презентираат проценки без воопшто да направат каква било проценка, дека неговата безбедност не може да се гарантира, по што обвинителството го прифаќа тоа како клучен аргумент за замена на притворот со куќен притвор“, велат од партијата Левица.
„Ова отвора сериозно прашање за кредибилитетот и мотивите зад ваквата „проценка“. Ако не постоела конкретна пријава, ако надлежните во затворот тврдат дека безбедноста е обезбедена, тогаш од каде произлегува драматичната промена на наративот во рок од неколку часа? Очигледно, станува збор за конструирано алиби за поблага мерка. Јавноста има право на јасен и аргументиран одговор, не на контрадикторни изјави, а сега и молк од МВР и АНБ.
Но, дури и хипотетички да постои одреден безбедносен ризик, обезбедувањето сигурност во притворските установи е директна надлежност и обврска токму на државните институции. Ако тие проценуваат дека постои ризик, тогаш нивна должност е да го неутрализираат преку засилени мерки на обезбедување, изолација или посебен режим во рамки на затворот, а не магично да ја укинуваат мерка. Во спротивно, државата испраќа порака дека не е способна да го спроведе сопствениот систем на притвор, или дека не сака да го спроведе кога станува збор за високи функционери.
Особено загрижува што станува збор за лице кое 14 месеци беше во бегство и за кое е распишана меѓународна потерница, осомничено за злоупотреби во милионски износи. По секоја правна логика, тоа е отежнителна околност. Наместо тоа, добиваме повластен третман заснован на флоскули од институции под раководство на ДПМНЕ. Прашањето што се наметнува е едноставно: дали истиот стандард би важел за обичен граѓанин? Колку притвореници без политичка тежина добиле куќен притвор затоа што државата не можела да им гарантира безбедност?
Левица оценува дека ваквата одлука создава опасен преседан безбедносните служби да станат инструмент за релативизирање на притворот кога станува збор за политички елити. Безбедноста не смее да биде изговор за привилегија. Ако државата не може да обезбеди сигурност во сопствен затвор, тоа е пораз на институциите. Ако може, а сепак одлучува поинаку, тогаш станува збор за селективна правда. Во двата случаи, одговорноста директно посега по ДПМНЕ“, соопштува Левица.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

