Спорт
Реал на 4/4, го победи Бетис во дербито

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Бетис во еден од дерби натпреварите кои се играат во четвртото коло во Ла Лига. Дуелот на до ова рунда единствените тимови со максимален учинок му припадна на актуелниот првак со 2:1 (1:1).
„Краљевски клуб“ поведе веќе во 9. минута кога Винисиус Јуниор погоди по додавањето на Давид Алаба.
Бетис и на овој меч покажа дека е опасен ривал и израмни во 17. минута. Стрелец беше Каналес на додавање на Иглесијас, а резултатот остана изедначен до полувремето.
Бетис имаше поголем посед во вториот дел, но нападите на Реал беа конкретни.
Конечниот резултат го постави Родриго во 65.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Имобиле се врати во Серија А

Фото/ EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле (35) се враќа во Серија А.
Неговиот нов клуб е Болоња, тврди најпознатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо.
Имобиле ја помина претходната сезона во Бешикташ, одигра 30 натпревари и постигна 15 голови, потврдувајќи ја својата класа, но еден повик од неговата татковина го направи своето.
Чиро е играчот со најмногу титули „крал на стрелци“ во италијанското првенство, тој дури четири пати беше „Капоканониере“ на Серија А, еднаш во дресот на Торино, три пати како играч на Лацио.
Според Романо, тој ќе потпише едногодишен договор со Болоња со можност за продолжување за уште една сезона. Истиот извор претходно објави дека поранешниот играч на Јувентус, Федерико Бернардески, ќе се приклучи на Болоња ова лето.
Спорт
„Леброн е фрустриран поради Дончиќ“

Фото/ EPA-EFE/ALLISON DINNER
Американските медиуми шпекулираат дека работите се хаотични во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс и дека Леброн Џејмс е фрустриран од Лука Дончиќ.
Според американскиот „Јаху“ и нивниот НБА инсајдер Џон Гамбадоро, ситуацијата во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс не е баш најдобра и наводно има тензии.
Иако сè изгледа фантастично на паркетот, тој наведува дека нема добра хемија помеѓу Лука Дончиќ од една и Леброн Џејмс и Остин Ривс од друга страна.
„Леброн е фрустриран затоа што не сака да игра со Лука. Ривс не сака да игра со Лука. Не сака да ја добие топката две секунди пред крајот на нападот. Лејкерс дефинитивно треба да изградат тим околу Лука, а не околу Леброн. Сега ова е тим на Дончиќ. И двајцата ќе се вратат по летната пауза, но мора да се биде внимателен“, рече Гамбадоро.
Оваа информација е изненадувачка за многумина, но многумина ќе разберат дека на Леброн не му се допаѓа што Дончиќ е новото лице на франшизата и дека е навикнат да биде на местото на Лука.
Гамбадоро, исто така, праша дали Леброн има тешкотии со реалноста да го дели целото тоа внимание за прв пат во својата кариера и апострофираше дека Џејмс го фали Дончиќ и е единствениот соиграч кого не го критикувал.
Погледот на бројките на Ривс дава поинаква перспектива за нивниот однос. Во натпреварите без Лука минатата сезона, Ривс имаше просек од солидни 19,8 поени, 6,3 асистенции, 4,3 скока, 1,3 украдени топки, шутирајќи 45% од поле и 36,2% за три поени.
Кога играше покрај Лука, Ривс всушност ја зголеми својата продуктивност, постигнувајќи просек од 21 поен, 4,8 скока, 4,8 асистенции, додека шутираше подобро со 47,9% од поле и 40,2% за три поени.
Досега, доаѓањето на Дончиќ не му наштети на Ривс во офанзива. Напротив, се чини дека ја зголеми неговата ефикасност и бројот на поени. Поголемиот проблем кога двајцата беа заедно на теренот беше одбраната.
И Дончиќ и Ривс беа мета на противничките играчи, особено на Минесота Тимбервулвс во првото коло од плејофот, што придонесе елиминацијата на Лејкерси по пет натпревари.
Спорт
Квитова се збогува со Вимблдон

Фото/ EPA/DANIEL HAMBURY
Двократната шампионка Петра Квитова (35) загуби од Ема Наваро со 6:3 6:1 во првото коло на Вимблдон.
Тенисерката од Чешка беше ѕвезда по мечот, бидејќи се збогува со Вимблдон, има намера да посвети повеќе време на своето семејство.
„Честитки Ема. Жал ми е што не можевме да играме уште малку. На ова место се најубавите спомени што можев да ги посакам. Среќна сум што можев да играм на ова посебно место уште еднаш“, рече Квитова.
„Никогаш не сонував дека ќе го освојам Вимблдон, а го освоив двапати… Ќе ми недостига Вимблдон, ќе ми недостига тенисот. Но, подготвена сум за следното поглавје во мојот живот. Дефинитивно ќе се вратам тука како член на клубот“, заклучи Квитова.
Таа го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година и заработи над 37 милиони долари само од тенисот.