Спорт
Пелистер го освои третото место во СЕХА лигата
Еурофарм Пелистер со 37:32 (12:13) го совлада хрватскиот Нексе Нашице за да го освои третото место на Фајнал фор турнирот на СЕХА лигата во Задар во својот прв настап во завршницата на регионалното натпреварување.
Во големото финале во Хрватска ќе играат ППД Загреб во потрага по втората титула и унгарскиот фаворит Веспрем, кои одат на израмнување на рекордот на Вардар од шест титули.
По израмнетото прво полувреме, Нексе отиде на одмор со предност од еден гол (13:12), меѓутоа тимот на Ларс Валтер потоа ја презеде контролата на мечот и стигна до импресивна победа со пет гола разлика. Усама Хосни со шест гола и Мирко Радовиќ со пет беа најефикасни во македонскиот клуб, додека Мославац и Јелиниќ со 4 гола беа најдобри за Нексе.
Фото: СЕХА Лига
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Инзаги го откачил Манчестер јунајтед
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, нема намера да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер јунајтед, објавија италијанските медиуми.
Навосно луѓе од Манчестер јунајтед го контактирале Инзаги кој експресно добил било какви разговори. Тренеот кој минатата сезона на Интер му ја донесе 20.титула во Серија А има цврст договор со клубот.
Инаку, Јунајтед се подготвени да го отпуштат Ерик Ден Хаг, а веројатно тоа ќе се случи доколку утре не успее да ја победи Астон Вила во Бирмингем.
Откако Инзаги ја одбил понудата, како можни кандидати се споменуваат Холанѓанецот се споменуваат Масимилијано Алегри, Томас Тухел и Герет Саутгејт.
Спорт
Кавани го продолжи договорот со Бока Јуниорс
Фудбалерот на Бока Јуниорс, Единсон Кавани го продолжи договорот до 31 декември 2026 година, соопшти во саботатаславниот агрентински клуб.
Кавани (37) пристигна во Бока Јуниорс во јули 2023 година, а имаше договор до крајот на оваа одина.
Уругвајскиот фудбалер одигра 43 натпревари за Бока Јуниорс и постигна 20 голови.
Претходно играше за Валенсија, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Наполи, Палермо и Данубио.
𝗡𝘂𝗻𝗰𝗮 𝗺𝘂𝗰𝗵𝗼 𝗰𝘂𝗲𝘀𝘁𝗮 𝗽𝗼𝗰𝗼: Felices de tenerte hasta 2026, Edi 💙💛💙 pic.twitter.com/xTJcmgEowM
— Boca Juniors (@BocaJrsOficial) October 4, 2024
Спорт
Бањаја победи на спринтот во Јапонија
Франческо Бањаја е победник на спринт трката на Јапонското ГП во Мотеги.
Актуелниот светски шампион во Мото ГП шампионатот во исклучително интересна трка стигна до триумфот и ја намали разликата во вкупниот пласман во однос на Хорхе Мартин.
Италијанецот славеше пред сонародникот Енеа Бастианини и Шпанецот Марк Маркез. Лидерот во шампионатот Мартин ја заврши трката на четвртата позиција.
Пред последниот круг Бањаја имаше голема предност, но потоа наеднаш почна да попушта. Во последниот свиок и Бастианини и Маркез имаа можност да нападнат но Италиајнецот успеа да ја зачува предноста и да слави
Трагична фигура на спринтерската трка е младиот Педро Акоста (ГасГас КТМ), кој имаше голема предност до четири круга пред крајот, но ја загуби контролата контрола над мотоциклот и паднал.
Мартин сега води во генералниот пласман со 372 бода, 15 повеќе од Бањаја. Бастианини е трет со 300, додека Марк Маркез е на четвртото место со 295.
Трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела во 7 часот по средно европско време.